Фудбалерите на Целје се новите шампиони на Словенија, откако во последното коло од првенството не дозволија да загубат од Олимпија играјќи нерешено 2:2.
Гостите само со триумф можеа да сметаат на шампионската титула, но не успеаја да слават над одличните домаќини, кои беа вистинско изненадување оваа сезона.
Ова беше првата титула за Целје во историјата.