Author: saso

NBA

Како што беше најавено, поранешниот тренер на Чикаго Булс и Минесота Тимбервулвс, Том Тибодо, е именуван за нов тренер на екипата на Њујорк Никс. Тибодо стана 31. тренер во историјата на познатата франшиза, која во последните години немаше резултати во согласност со својата репутација. Во исто време, тој се врати на местото каде што работеше како помошник тренер од 1996 до 2004 година. „Благодарен сум за можноста да се вратам во познатата франшиза и да работам како прв тренер. Знам каков е Њујорк кога Никс имаат резултати и ништо не може да се спореди со тоа. Не можам да дочекам…

Read More

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки: – У.О. на ФФМ ги усвои предлог пропозициите за натпреварување во Прва МФЛ за натпреварувачката сезона 2020/2021; – У.О. на ФФМ донесе одлука тестирањето за Covid – 19 за фудбалерите и стручниот штаб на клубовите од Прва МФЛ и Прва ЖМФЛ пред почетокот на натпреварувачката сезона 2020/2021 да биде на трошок на Фудбалската федерација на Македонија; – У.О. на ФФМ го усвои календарот за натпреварување во женска конкуренција за натпреварувачката сезона 2020/2021; – У.О. на ФФМ го усвои календарот за натпреварување во млади категории за…

Read More

Аријан Адеми е пред потпис со унгарскиот првак Ференцварош, пишуваат денеска унгарските и хрватските медиуми. Адеми најави дека сака да остане во Динамо и во следниот период, но очигледно летово унгарски Ференцварош може да го промени неговиот став. Претседателот на Ференцварош најавил дека во тимот доаѓа „големо засилување“, а новинарите веќе открија дека станува збор за Адеми.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Иван Тричковски и во следните две сезони ќе го носи дресот на АЕК Ларнака. Како што потврдија од клубот утрово, Тричковски и управата на кипарскиот тим постигнале договор за нова соработка. Тричко дојде во АЕК Ларнака пред четири и пол години. Досега тој има комплетирано вкупно 163 настапи во кои постигна 67 гола и е прв стрелец во историјата на клубот.

Read More

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) издаде изјава во која се вели дека натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе се одигра според планот следната недела, без оглед на фактот дека има позитивни на коронавирусот во редовите на Мадрид. Реал во вторникот потврди дека напаѓачот Маријано Дијаз е позитивен за новиот вирус, што го доведува во прашање неговиот настап во возвратниот натпревар кој е закажан за 8 август на „Етихад“. „УЕФА е во постојан контакт со клубот, ја следиме ситуацијата од обете страни, како и одлуките на надлежните органи во Шпанија“, се вели во…

Read More

Американскиот спринтер Мајкл Норман успеа да направи нешто што пред него му успеа само на Јужноафриканецот Вајде ван Никерк. 22-годишниот спринтер истрча 100 метри за помалку од 10 секунди, на 200 метри за помалку од 20 и на 400 метри за помалку од 44 секунди. Норман е од Сан Диего, некогаш најдобар јуниор во светот на 200 метри и член на златната американска штафета на 400 метри. Тој успеа да истрча одлични 43,45 на 400 метри на почетокот од минатата сезона, меѓутоа, на Светското првенство во Доха беше целосно разочарување, откако беше елиминиран во полуфиналето. Норман ги изненади сите оваа…

Read More

Кошаркарите на Макаби Тел Авив ја освоија шампионската титула во домашното првенство, откако синоќа во последниот дуел, финалето на шампионатот го совладаа тимот на Макаби Ришон со 86:81. Ова е трета шампионска титула за жолтите од Тел Авив во низа, а до победата денеска стигнаа со одличната игра на Стадемаер кој постигна 18 поени.

Read More

Иако официјално нема потврда на информацијата, шпанските медиуми тврдат дека нов тренер на Бетис за следната сезона ќе биде Мануел Пелегрини. Прославениот чилеански стратег кој долго време помина во англиската Премиер лига има активни преговори со генералниот директор на Бетис Кордон и наскоро се очекува официјализирање на информацијата. Според пишувањата на шпанските весници, Пелегрини начелно се соглсил да седне на клупата на Бетис, но побарал прво да се разговара за изборот на фудбалери за новата сезона. За денеска е најавена лична средба на Пелегрини, неговиот агент и Кордон на „Бенито Виљамарин“ или во канцелариите на техничкиот секретаријат.

Read More

Тиаго Мендеш ќе ја започне својата авантура како тренер во Виторија Гимараеш. Екс-фудбалерот на Атлетико (М) ќе потпише договор со португалскиот тим до 30 јуни 2022 година. 39-годишниот португалски интернационалец ќе го замени Иво Виера н атренерското место, откако минатата сезона, португалскиот клуб заврши на седмото место на табелата, не можејќи да се квалификува за европските натпреварувања. Мендеш досега нема сениорско тренерско искуство, бидејќи работеше со помладите категории во Валенсија.

Read More

Новиот ракометен суперлигаш Голден Арт КЛ7 и екипата на Еурофарм Пелистер 2 имаат по два позитивни ракометари на коронавирусот. Од КЛ7 истакнаа дека позитивни се примероците од тестирањето на еден сениор и еден кадет. Битолскиот тим исто така има двајца позитивни ракометари и најверојатно целиот состав ќе оди во двонеделна изолација.

Read More