Иако официјално нема потврда на информацијата, шпанските медиуми тврдат дека нов тренер на Бетис за следната сезона ќе биде Мануел Пелегрини. Прославениот чилеански стратег кој долго време помина во англиската Премиер лига има активни преговори со генералниот директор на Бетис Кордон и наскоро се очекува официјализирање на информацијата.
Според пишувањата на шпанските весници, Пелегрини начелно се соглсил да седне на клупата на Бетис, но побарал прво да се разговара за изборот на фудбалери за новата сезона. За денеска е најавена лична средба на Пелегрини, неговиот агент и Кордон на „Бенито Виљамарин“ или во канцелариите на техничкиот секретаријат.