Author: saso

Американскиот кошаркар Хасани Гравет (24 год, 188 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје Аеродром за новата сезона, откако денеска потпиша едногодишен договор со аеродромци. Станува збор за одличен плејмејкер, кој лани во август потпиша договор со НБА-екипата на Орландо меџик, за која, сепак, не заигра, со оглед што беше префрлен во филијалата на овој тим во Џи-лигата, Лејкленд меџик. Во втората по квалитет професионална лига во САД, Гравет просечно реализираше 11,7 поени со 4,1 скок и 3,4 асистенции. Гравет е второто странско засилување за МЗТ Скопје А. во пресрет на новата сезона, по продолжувањето на договорот со Феми Олуџоби.

Read More

Откако во вторникот беше официјално претставен дресот за сезоната 2020/21, навивачите на Милан веднаш побрзаа кон продавниците за да добијат еден примерок од него. За изминатите два дена е забележан огромен раст на продажбата на новите дресови на „росонерите“ и истиот изнесува 1700% во однос на претходниот период години наназад. Пред една година, ист број на дресови колку што сега се купени вод ва дена, биле продадени за цел месец по нивното лансирање. Perfect kit if you have Galleria at 5pm and San Siro at 8 🔴⚫ ➡️ https://t.co/OJYNnYijUL ⬅️#SempreMilan #ThisIsMilan @pumafootball pic.twitter.com/wJnz5IEt7t — AC Milan (@acmilan) July 29, 2020

Read More

Иако се уште нема официјална одлука од УЕФА, повеќе од извесно е дека натпреварот од полуфиналето во Лигата на нации меѓу Македонија и Косово, ќе се одигра пред празни трибини. Според календарот на УЕФА полуфиналниот бараж дуел ќе се игра на 8 октомври на Националната Арена „Тодор Проески“. Според „Л’Екип“, УЕФА размислува за вакво сценарио и се очекува во најскоро време и официјално да ја потврди оваа одлука. Исто така УЕФА донесе одлука поради пандемијата на коронавирусот, репрезентативните активности во септември и октомври во кои Македонија ќе игра во новото издание на Лигата на Нации да се одиграат исто така…

Read More

Барселона почна да го подготвува тимот за следната сезона, а според шпанските весници прв на листата на посакувани нови засилувања е крилниоот фудбалер на Челзи, Вилијан. Бразилецот сигурно го напушта лондонскиот тим ова лето, а како слободен фдубалер може да бира меѓу неколку понуди. Покрај Барселона, за Вилијан интерес има и од Интер од Милано, но и од екипата на Интер Мајами од МЛС лигата, чиј сопственик е Дејвид Бекам. Шпанска „Марка“ верува дека Барселона е во најдобра позиција за Бразилецот, а и тој самиот истакнал дека преферира да остане во Европа.

Read More

Напаѓачот на Монако, Висам Бен Једер може да ја продолжи кариерата во германскиот шампионат. Според извори од Бундеслигата, Баерн Минхен покажува сериозен интерес за играчот. Во тековната сезона во Франција која заврши предвреме, Бен Једер одигра 26 натпревари за Монако на кои постигна 18 гола и направи 6 асистенции. Договорот на играчот со клубот е до 2024 година, а трансферната цена се проценува на 40 милиони евра.

Read More

Само ден откако Натан Аке стана ново засилување за дефанзивата на Манчестер Сити, од Англија стигнува информација дека Гвардиола го става на продажба Џон Стонс. Досегашниот дефанзивец на „граѓаните“ нема да биде во плановите на Пеп за новата сезона и затоа оди на продажба. 26-годишниот Стонс би можел да се пресели во Вест Хем каде повторно ќе работи со Дејвид Мојес, но само доколку „чеканите“ се подготвени на Сити да му платата 20 милиони фунти.

Read More

Италијанската Фиорентина го продолжи договорот со актуелниот тренер Бепе Јакини. 56-годишниот специјалист ќе ги завршеше обврските кон клубот со последниот меч во првенството, но сега му се дава можност да работи во клубот и наредната сезона. Јакини го презеде тимот на 23 декември минатата година, кога го наследи Винченцо Монтела, кој беше отпуштен поради лоши резултати. Во сезоната Јакини успеа да го подигне тимот до 10. место, откако претходно беше во зоната за испаѓање.

Read More

Италијанскиот спортски весник „Газета дело Спорт“ пишува дека Златан Ибрахимовиќ ја донел одлуката за следната сезона. Според весникот, Ибра и во новата сезона ќе го носи дресот на Милан. 38-годишниот Швеѓанец ќе постигне договор за продолжување на соработката со клубот. Актуелниот договор му истекува на крајот на сезоната, но „росонерите“ ќе му понудат најмалку 4 милиони евра по сезона. Во оваа сима ќе има и дополнителни бонуси, во зависност од настапите.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, може да се врати во Премиер Лигата. Играчот може да замине во дресот на Арсенал на позајмица. Во исто време, клубовите заедно ќе ја плаќаат неговата плата. Претходно беше објавено дека Барселона бара сума од 80 милиони евра за продажба на Кутињо, но во исто време, досега нема клуб кој би ја платил таа цена за Бразилецот. Оваа сезона, Кутињо во дресот на Баерн имаше 9 голови и 8 асистенции на 34 настапи во сите натпреварувања.

Read More
NBA

По малку повеќе од четири месеци, најсилната кошаркарска лига на светот, НБА се врати со официјални натпревари. Првиот натпревар во продолжението на регуларниот дел од сезоната во „Дизни Ворлд“ се одигра меѓу Њу Орлеанс и Јута Џез, а веднаш потоа тоа играа ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс. И двата натпревари беа драматични, а победниците беа решени во последните секунди. Јута беше подобра од Њу Орлеанс во пенал завршница, а Леброн Џејмс го реши победникот на дербито во Лос Анџелес со два одлични потези. На крајот, Јута – Њу Орлеанс 106:104, додека Лејкерс славеа над градскиот ривал Клиперс со 103:101. Ентони…

Read More