Дефанзивецот на Ливерпул, Неко Вилијамс, потпиша долгорочен договор со клубот чии бои ги брани. 19-годишниот имаше одлични натпревари минатата сезона, вкупно шест, кои беа доволни за да добие медал за титулата во Премиер лигата. „Едноставно, ова е тоа што го посакував. Само кога сфатив дека ќе има нов договор, не размислував и веднаш го ставив својот потпис. Сакам да останам тука, да се подобрам и да работам со тимот. Имаме некои од најдобрите играчи на светот и ние сме една од најдобрите екипи на планетата“, изјавил Вилијамс по потпишувањето на договорот.
Author: saso
Раководството на Евролигата одлучи да го зголеми наградниот фонд за сезоната 2020/2021. Според информациите, секој тим, без оглед на резултатите, ќе добие најмалку 1,5 милиони евра ако има долгорочна лиценца за Евролига. Доколку нема лиценца, тогаш на тимот му се гарантира сума од 500.000 евра. Покрај тоа, на крајот на сезоната 14 екипи ќе добијат награди, а наградите за секој натпревар ќе бидат откажани. Тимот кој ќе го завземе 14-то место во сезоната ќе добие 150.000 евра. Наградата за пласман на Ф4 турнирот ќе изнесува дополнителни 650.000 евра. Сезоната во Евролигата започнува на 1 октомври.
Бразилецот Даглас Коста имаше проблеми со повреди минатата сезона, и иако има уште двегодишен договор со Јувентус, неговите денови во Торино се чини дека се одбројани. Веќе е јасно дека новиот тренер Андреа Пирло јасно му кажал на Коста дека не смета повеќе на него, и дека може да си бара нов клуб. 29-годишниот играч би можел да ја продолжи кариерата во Англија, откако денеска се појавија информации дека за него се загреа менаџерот на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ веќе се во контакт со Јувентус и преговараат за цената на евентуалниот трансфер. Јувентус е подготвен значително да ја намали цената за Коста, и…
Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори (30), во моментов 31. играч на АТП ранг листата, објави дека е заразен со коронавирус и затоа мораше да го откаже настапот на турнирот Western and Southern Open од серијалот „Мастерс 1000“, што ќе се одржи во Њујорк од 20 до 28 август. „Имам лоши вести, бев тестиран за КОВИД-19 и резултатот е позитивен и затоа морам да го откажам настапот на турнирот. Се чувствувам добро, имам благи симптоми и сум во изолација“, рече Нишикори, кој живее и тренира на Флорида.
Ливерпул нема да добие никакви финансиски бонуси од Барселона за настапот на напаѓачот Филипе Кутињо во Баерн Минхен, пренесува „Тајмс“. Деновиве с епојавија информации дека доколку Бразилецот ја освои Лигата на шампионите со германскиот клуб во кој игра на позајмица од Барселона, Ливерпул ќе добие бонус од 5 милиони евра, според клаузула од договорот за негов трансфер во Барселона. Од каталонскиот клуб појаснија дека овие плаќања се поврзани само со настапите на Кутињо во Барселона.
Трансферот на Џејдон Санчо во Манчестер Ј. е на одличен пат да биде комплетиран веќе оваа недела. Новинарот Фабрицио Романо, на Твитер објави дека Борусија (Д) денеска им дала краен рок на Англичаните до 10 август да ја прифатат последната поставена цена за младиот напаѓач – 108 милиони фунти. Солскјер инсистира на доведување на Санчо за сметка на Грилиш од Астон Вила. Преговорите течат со месеци, а конечната одлука ќе се чека неделава.
Македонија ќе има свои претставници и во женскиот сегмент на АБА лигата, макар то било и во кадетска конкуренција, затоа што три наши клуба испратија пријави за учество во следното издание на кадетската WABA лига. Кадетските екипи на Вардар и Бадел 1862 од Скопје и Крива Паланка се дел од лигата во која ќе партиципираат вкупно 20. клубови од просторите на поранешната држава. Поделени во четири групи, а онаа „Д“ група е „македонската“. Покрај нашите три претставници ќе разигруваат и две екипи од Црна Гора (Будуќност Бамекс и Приморје). Планирано е одигрување на трик руга-турнири. Стартот е (ако здравствените и…
Со победата над Јута Џез од 116:108, екипата на Лос Анџелес Лејкерс го освои првото место на Западот во НБА лигата, откако направија недостижна предност од шест победи повеќе во однос на второпласираниот ЛА Клиперс. Ентони Дејвис со 42 поени и 12 скокови ги предводеше „езерџиите“ до новиот успех. Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победа против Оклахома Сити после продолженија со резултат 121:113. Во текот на целиот меч екипите се менуваа во водство, а откако во регуларниот дел немаше победник се отиде во продолженија. Јокиќ со трипл-дабл ефект од 30 поени, 12 скокови и 10 асистенции беше најдобриот на…
Светскиот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, повторно бил подложен на операција на десното рамо, соопштија од тимот на Репсол Хонда. Иако не е официјално, 99% тој нема да може повторно да се појави овој викенд на Гран-при на Чешката во Брно. Причина за оваа втора операција на десниот хумерус, скршен на шпанското Гран-при што се одржа во Херез, е тоа што титаниумската плоча што била вметната во првата операција е оштетена.
Екипата на Клуж ја победи во Крајова со 3:1 на гости и стана стар-нов шампион на Романија. Клуж ја освои шестата титула во Лига 1 на Романија и се изедначи по бројот на титули со екипата на Арад. Клуж почна да се враќа во височините на романскиот фудбал по 2008 година, кога тимот спонзориран од Арпад Паскани ја освои првата титула. Следеа шампионските наслови во 2010 и 2012 година, што го направи ЦФР Клуж еден од најдобрите во лигата во последната деценија.
