Author: saso

Откако не успеаја да го договорат Кавани од ПСЖ, челниците на португалска Бенфика тргнаа по потписот на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста. Весникот „А Бола“ денеска пишува дека Коста има реални шанси да се пресели во Лисабон. Според изворот, Коста е приоритетна трансфер цел на Бенфика. Коста игра за Атлетико Мадрид уште од 2018 година. Во сезоната 2019/2020 шпанскиот напаѓач учествуваше на 23 натпревари на Примера, постигна 5 гола и имаше 4 асистенции.

Read More

Новиот тренер на Барселона, Роналд Коман, по утринската средба со извршниот директор, Оскар Грау и со техничкиот секретар Рамон Планес, го започна процесот на контакти со играчите на кои нема да смета следната сезона. Првиот што го добил повикот е Луис Суарез, но тој не е единствениот. Како што дознава весникот „Ас“, најмалку уште тројца играчи биле контактирани телефонски од страна на холандскиот стратег за да ги извести дека нема да продолжат следната сезона во тимот и да ги охрабри да си бараат договорно решение со клубот и да најдат нов тим. Според весникот, тоа се Артуро Видал, Иван Ракитиќ…

Read More

Хозеп Марија Оробиг, агент на фудбалерите на Барселона, Серхио Бускетс и Серхи Роберто, изјави дека нема најави од клубот дека планира да се раздели со неговите клиенти.  Според неговата изјава за радиото Кадена Копе, никој од управата на Барса не го известил дека Бускетс и Роберто ќе бидат поставени на трансфер листа. Според Оробиг, двајцата играчи ќе продолжат да играат за Каталонците следната сезона. Договорот на Роберто е со важност до јуни 2022 година, а на Бускетс до јуни 2023 година.

Read More

Осумте тенисери кои допатувале во Њујорк за Мастерсот во Синсинати, а подоцна да учествуваат и на годинешното издание на УС Опен се сместени во приватни домови. организаторите потврдија дека дел од главните ѕвезди ќе бидат сместени на неколку локации, додека останатите во еден од двата турнирски хотела каде ќе престојуваат за цело време на оржување на турнирите. Имињата на тенисерите кои добија сместување во приватни куќи не се објавени, но се претпоставува дека тоа се дел од главните фаворити. Директорот на УС Опен, Стејси Аластер, изјави дека во затворениот меур веќе пристигнале околу 350 играчи, пто преставува околу 90% од оние кои…

Read More
NBA

Кошаркарот на Индијана, Виктор Оладипо, по се изгледа ќе мора да го пропушти вториот натпревар од плејофот со Мајами, поради повреда на окото. Играчот беше принуден да го напушти теренот во првата четвртина од првиот меч меѓу овие два тима, кој се одигра синоќа, откако беше удрен со прст во левото око.  Пејсерси подоцна известија дека Оладипо морал да оди во болница во Орландо. Засега е под знак прашалник настапот на вториот меч, но лекарите веруваат дека повредата ќе биде санирана до крајот на неделава.

Read More

Роналд Куман денеска ќе потпише двегодишен договор со Барселона, а од Шпанија, веќе стигнуваат вести за сумата на трансферот која ја направи актуелниот холандски селектор. Имено, познатата холандска легенда успеал да постигне договор со федерацијата и тој веќе нема обврска да ја води селекцијата на „лалињата“. За ова негово заминување, Барселона морала да плати обештетување, кое директор на каталонците, Оскар Грау, успеал да го договори на сума меѓу 4 и 5 милиони евра. Толку Барселона ја чини слободата на Куман. Надоместокот ќе биде платен делумно од неговиот договор со Барса, а делумно Каталонците сами ќе ја обештетат Холандската федерација, која сега…

Read More

Македонскиот напаѓач од екипата на Анталијаспор, Адис Јаховиќ е мета на турскиот гигант Фенербахче, овјавија денеска турските медиуми. Раководството на Фенербахче не крие дека е заинтересирано за уште еден играч од Анталијаспор, нашиот Јаховиќ, откако претходно го привлече Назум Сангаре. Единствен услов за доаѓањето на Јаховиќ во Фенер, е заминување на Ведат Муричи, кој преговара со Лацио. Фенербахче за Муричи бара сума од 18 милиони евра, но засега „римските орли“ тактизираат. Последната понуда за Муричи била 13 милиони евра, која Фенер ја одбил. JAHOVIC VE NAZIM FENER RADARINDA https://t.co/piZoPeNBdL @Antalyaspor — Akdeniz Manşet Gazetesi (@akdenizmanset) August 17, 2020

Read More

Поранешниот менаџер на лондонски Арсенал, Арсен Венгер, е најверојатниот заменик за Роналд Куман на кормилото на репрезентацијата на Холандија, доколку Барселона успее да постигне договор со Куман, тој да го налседи Сетиен на тренерското место кај Каталонците. Според изворот, Венгер веќе се пријавил во Холандската фудбалска асоцијација и најавил подготвеност да го замени Роналд Куман, кој најверојатно ќе ја предводи Барселона. Претходно беше објавено дека Венгер одби да ја преземе функцијата тренер на каталонскиот клуб. Во ноември минатата година, Венгер ја презеде функцијата шеф на одделот на ФИФА за глобален развој на фудбалот. Французинот беше менаџер на Арсенал од 1996…

Read More
NBA

Словенечката ѕвезда во составот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, во првиот натпревар од НБА плеј-офот со Лос Анџелес Клиперс постигна 42 поени, зачинети со 7 скока и 9 асистенции. Дончиќ со тоа постави нов рекорд во НБА-историјата за најмногу постигнати поени во деби-натпревар во плеј-офот. Покрај тоа, Дончиќ стана првиот кошаркар кој постигнал најмалку 40 поени во своето плеј-оф деби во кариерата. Лука Дончиќ стана 4-от најмлад играч кој има постигнато 40+ поени во плеј-оф натпревари низ историјата на НБА. Пред него останаа Меџик Џонсон кој тоа го направи на 20 години, 276 дена, Леброн Џејмс (двапати, со 21 година,…

Read More

Пандемијата на коронавирусот зададе големи удари врз буџетите на фудбалските клубови. Информациите за финансиските загуби доаѓаат од ден на ден, а Борусија Дортмунд денеска ги потврди информациите дека клубот е во минус за рекордни 44 милиони евра. Шампионатот во Бундеслигата беше суспендиран во март, а потоа продолжи без навивачи. Сето ова донесе големи загуби, особено ако знаеме дека Борусија имаше најголема поддршка од навивачите. „Периодот на работење од десет години заврши позитивно. Отсекогаш сме биле финансиски позитивни, но коронавирусот пристигна и смени сè“, посочи директорот на Борусија, Јоахим Вацке. Тој додаде дека приходите од спонзорства, телевизиски права и трансфери се…

Read More