Кошаркарите на Денвер Нагетс ја совладаа Јута со 80:78 и со 4-3 во серијата се пласираа во полуфиналето од плеј-офот на Западот. Никола Јокиќ го постигна решавачкиот кош за Нагетс, надмудрувајќи го Руди Гобер во рекетот на 28 секунди пред крајот на мечот. Јута, која надополни негатива од 19 поени од почетокот на третиот период, имаше 17,5 секунди за израмнување, но Харис успеа да му ја избие топката од рацете на Мичел и да не дозволи шут за израмнување. Кај Денвер, Јокиќ заврши со 30 поени, 14 скока и 4 асистенции, доека мареј постигна 17. Кај Јута, Мичел доминираше со…
Author: saso
Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната Арена ги почна подготовките за двомечот со Ерменија и Грузија на стартот на новото издание на Лигата на Нации. Селекторот Ангеловски, ги сподели своите очекувања за дуелите, особено по долгата пауза која ја имаше нашата селекција. „Заедништвото не краси во репрезентацијата и тоа заедништво ни ги донесе оние резултати од минатите натпревари. Очекувам наше максимално издание, без разлика на ситуацијата и без разлика на моменталната форма. Кога се игра за репрезентацијата мора да се даде максимумот. Не се сомневам дека така ќе биде и на овие два меча. Сите мисли ми се насочени кон…
Младата фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, денеска фи започна тренинзите и подготовките за претстојните два дуела во квалификациите за европското првенство. Веќе во четврток во Скопје, нашите надежи ќе ги пречекаат врсниците од Шпанија кои важат за фаворити, но селекторот Благоја Милевски верува во своите избраници. „Најважно е сите играчите да бидат здрави, сето она што е потребно за дуелот со Шпанија ќе го договориме во од. Што се однесува до самиот меч, по промената на системот на натпреварување, и кој и како ќе се квалификува на Европското првенство, не ни останува ништо друго освен на…
Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин може да го следи потегот на неговиот колега Блез Матуиди и да ја продолжи кариерата во Интер од Мајами, тим кој игра во МЛС лигата. „Бјанконерите“ го започнаа реновирањето на тимот, а Матуиди е еден од првите што ја промени средината. Новиот тренер на „Старата дама“, Андреа Пирло потврди дека му кажал на 32-годишниот Аргентинец дека нема да смета на него следната сезона, а тоа е причина Игуаин да си бара нов клуб. Постариот брат на популарниот „Пипита“, Федерико, веќе игра во МЛС за екипата на ДЦ Јунајтед.
Сандро Тонали следната недела треба да го комплетира трансферот во Милан, бидејќи Интер се повлече од преговорите со Бреша за младиот италијански репрезентативец. Интер имаше договор со Бреша да го добие на позајмица со опција да го купи на крајот на сезоната за вкупно 35 милиони евра, но по најавите дека Милан се вмеша во трката за него, тренерот Антонио Конте реши да тргне по други засилувања. Милан и Паоло Малдини се покажаа како пресудни во разговорите лице в лице со Тонали, како и со Бреша, при што претседателот Масимо Челино го прифатил „дилот“ со „росонерите“.
Алексеј Миранчук се збогува со навивачите на Локомотив Москва, откако клубот објави дека ги договориле условите за трансфер во Аталанта. Тој во моментов е надвор од терените поради повреда на бутот, па не играше во натпреварот против Зенит попладнево. Сепак, тој беше во подтрибинскиот простор каде што домашните приврзаници беа собрани по последниот судиски свиреж, да се збогуваат со него. Според постигнатиот договор со Аталанта, Миранчук се сели во Италија за 14,5 милиони евра, плус процент од неговата продажба. Креативниот играч од средниот ред има пет гола на 25 настапи за Локомотив во Русија.
Селекторот на македонската фудбалска репрезетација, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за претстојните два натпревари против Ерменија (5 септември) и Грузија (8.септември) од новото издание на Лига на Нации. ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дејан Илиев (Арсенал, Англија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар); ОДБРАНА: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Кристијан Тошевски (Тирана, Албанија); СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед, Ангелија),…
Аргентинскиот напаѓач од ПСЖ, Мауро Икарди реши да го смени бројот на својот дрес за следната сезона. Според последните весни од парискиот клуб, Икарди следната сезона ќе го носи дресот со број 9. Претходно, Икарди играше со број 18. Минатата сезона, тој одигра 20 натпревари и постигна 12 гола. Бројот 9 до овој момент му припаѓаше на Кавани кој го напушта клубот ова лето. Un nouveau numéro pour ! ❤️9⃣#WeAreParis — Paris Saint-Germain (@PSG_inside) August 28, 2020
Ругани би го напуштил Јувентус и најверојатно ќе заврши во Франција во екипата на Рен. Рен му понудил добар договор, но Даниеле ќе мора да се согласи на намалување на платата во замена за постојан престој во првиот состав. Рен стигна до Лигата на шампионите и тоа може да биде одлична причина за Ругани да прифати преселба во Франција. Договорот на 26-годишниот Ругани со Јувентус трае до јуни 2024 година.
Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ е близу до потпишување договор со Севиља, пренесува каталонскиот весник Спорт. Според изворот, преговорите се во напредна фаза. Севиља е подготвена да му понуди на Хрватот договор на три или четири години, но играчот ќе мора да оди со двојно намалување на платата – од 8 милиони до 3,7 милиони евра. Во исто време, и со оваа плата Ракитиќ ќе стане најплатениот играч во составот на Андалузијците. Ракитиќ играше за Севиља од 2011 до 2014 година, а пред тоа ги бранеше боите на Шалке и Базел.
