Ругани би го напуштил Јувентус и најверојатно ќе заврши во Франција во екипата на Рен. Рен му понудил добар договор, но Даниеле ќе мора да се согласи на намалување на платата во замена за постојан престој во првиот состав.
Рен стигна до Лигата на шампионите и тоа може да биде одлична причина за Ругани да прифати преселба во Франција.
Договорот на 26-годишниот Ругани со Јувентус трае до јуни 2024 година.