Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин може да го следи потегот на неговиот колега Блез Матуиди и да ја продолжи кариерата во Интер од Мајами, тим кој игра во МЛС лигата.
„Бјанконерите“ го започнаа реновирањето на тимот, а Матуиди е еден од првите што ја промени средината. Новиот тренер на „Старата дама“, Андреа Пирло потврди дека му кажал на 32-годишниот Аргентинец дека нема да смета на него следната сезона, а тоа е причина Игуаин да си бара нов клуб.
Постариот брат на популарниот „Пипита“, Федерико, веќе игра во МЛС за екипата на ДЦ Јунајтед.

