Астон Вила е во завршна фаза од преговорите за трансферот на голмано Серхио Ромеро. Составот од Бирмингем постигнал договор со Манчестер Јунајтед за цената на Ромеро. Евертон беше исто така поврзуван со интерес за аргентинскиот голман, кој не крие дека сака да го напушти „Олд Трафорд“, откако беше тврда резерва на Давид де Хеа. „Црвените ѓаволи“ во моментов го проценуваат Серхио Ромеро на околу 10 милиони фунти.
Author: saso
Крилото на Интер, Иван Перишиќ, сè уште не знае каде ќе игра во следната сезона, откако „нероаѕурите“ го понудија Хрватот на Баерн Минхен и на Тотенхем. Перишиќ одигра импресивна сезона на „Алијанц Арена“, што ги испровоцира Баварците да се вратат со понуда за трајно да го купат играчот. Сепак, двата клуба во моментов не успеваат да се договорат за цената. Италијанците очекуваат околу 15 милиони евра, додека германскиот шампион нуди 12.
Од 18 до 20 септември, Охрид ќе биде домаќин на уште една интересна спортска манифестација. Трката во планинско трчање Охрид Ултра-Треил® ќе го има своето второ издание во Националниот Парк Галичица. „Ова е второ издание на Охрид Ултра-Треил® кое го сочинуваат 3 планински трки со различни должини од 18 км, 66 км, а новина е трката од 107 км што ја сместува во „посебната“ група на спортски настани со ултра-дистанци привлекувајќи професионални планински тркачи од цела Европа воедно поттикнувајќи ги домашните натпреварувачи да постигнат значаен меѓународен успех“, појаснува директорот на настанот, Дејан Крле. Секој оној кој се чувствува физички подготвен…
Лионел Меси денеска треба да соопшти дали, сепак, останува во Барселона. По сите шпекулации и вчерашната средба на неговиот татко со првиот човек на каталонскиот клуб, аргентинските весници пишуваат дека Меси, сепак, ќе остане уште една сезона во дресот на каталонците. Првиот човек на Барса, Бартомеу, и на вчерашните средби со таткото на Меси бил категоричен дека тие сметаат на аргентинската ѕвезда како на клучна фигура за тимот и тој мора да го исполни договорот кој му истекува следното лето. Лео денеска треба да излезе со официјален став.
Бобан Николов, нашиот стандарден репрезентативец вели дека подготвени ќе го дочекаме првиот дуел со Ерменија на стартот од новиот циклус во Лигата на нации. Нашите репрезентативци напорно тренираат во Скопје, очекувајќи го дуелот во сабота. „Мислам дека ќе бидеме подготвени. Оваа група на фудбалери е заедно 3-4 години, имаме време до сабота. Одиме на победа, но се треба да покажеме на терен. Фаворити сме во групата, но тоа треба да се потврди. Поминавме тежок период, сега не чека меч во 15 часот кога ќе биде пекол, но мора да издржиме. Секако ни недостасува публиката, ќе играме пред празни трибини, но…
Младата фудбалска репрезентација на Македонија утре продолжува со квалификациските дуели за ЕП 2021. Во пресрет на тешкиот дуел со Шпанија, младиот напаѓач на Штутгарт, Дарко Чурлинов најавува голема битка. „Моментално тренираме на тоа да најдеме слаби страни на репрезентацијата на Шпанија. Секако тие се фаворити во групата, но ние се гледаме како фаворити кога играме дома. На првата средба загубивме поради наши грешки, ако се фокусираме, сега можеме да извлечеме добар резултат. Верувам во нас и мислам дека на двете следни средби можеме да добиеме најмалку 4 бода“, вели Чурлинов. Дуелот со Шпанците го играме на Националната Арена, утре од…
Француски ПСЖ, започна преговори за трансфер на Хектор Белерин од екипата на Арсенал. Шпанскиот дефанзивец веќе имал разговори со првите луѓе на парискиот тим, а сега и официјално ПСЖ испратил понуда во вредност од 28 милиони евра во канцелариите на лондонскиот клуб. Оваа сума може да се зголеми за уште 5,5 милиони евра според понудените бонуси. За Белерин заинтересирани се и Баерн Минхен и Јувентус, но досега никој не излезе со конкретна понуда. „Топчиите“ можат да го продадат Белерин доколку предложената сума биде прифатена.
Македонската фудбалска репрезентација засилено се подготвува за дуелите со Ерменија и Грузија во Лигата на Нации. Стефан Спировски е убеден дека македонската репрезентација може да ги добие и двата дуели. Во пресрет на натпреварите изјави: „Мислам дека сме подготвени, некои веќе почнавме со првенства, но ќе видиме. Одиме прво со Ерменија, па со Грузија… По тоа што го прикажавме во претходните Лига на нации и во квалификациите нѐ става во рангот на фаворити, меѓутоа тоа треба да го покажеме на терен“, изјави фудбалерот на АЕК Ларнака.
Екипите на Силекс и Ренова кои како домаќини треба да ги одиграат средбите во 2. Квалификациско коло од Лигата на Европа, ги одредија термините за пресметките на 17 септемрви. Ренова дуелот против Хајдук ќе го офигра од 15:30 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во рамките на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Македонија, додека Силекс ќе ја пречека екипата на Дрита на арената „Тодор Проески“ во Скопје од 20 часот. Третиот македонски преставник, Шкендија ќе гостува во Романија кај Ботошани, а тој меч се игра од 17:45 часот.
Холандскиот репрезентативец од екипата на Ливерпул, Џини Вајналдум, наводно ја прифатил понудата на Барселона за преселба на „Камп Ноу“ ова лето. Играчот за врска е една од трансфер целите на новиот тренер на каталонскиот тим, Роналд Куман. Според информациите во Шпанија, Вајналдум ги прифатил предложените лични услови за договорот за период од три години. Холанѓанецот влегува во последната година од договорот со Ливерпул, а преговорите за нов договор со „црвените“ не отидоа во позитивна насока. „Диарио Спорт“ тврди дека Барса ќе му плати на Ливерпул меѓу 13 до 18 милиони фунти за потписот на Џини.
