Екипите на Силекс и Ренова кои како домаќини треба да ги одиграат средбите во 2. Квалификациско коло од Лигата на Европа, ги одредија термините за пресметките на 17 септемрви.
Ренова дуелот против Хајдук ќе го офигра од 15:30 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во рамките на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Македонија, додека Силекс ќе ја пречека екипата на Дрита на арената „Тодор Проески“ во Скопје од 20 часот.
Третиот македонски преставник, Шкендија ќе гостува во Романија кај Ботошани, а тој меч се игра од 17:45 часот.

