Лионел Меси денеска треба да соопшти дали, сепак, останува во Барселона. По сите шпекулации и вчерашната средба на неговиот татко со првиот човек на каталонскиот клуб, аргентинските весници пишуваат дека Меси, сепак, ќе остане уште една сезона во дресот на каталонците.
Првиот човек на Барса, Бартомеу, и на вчерашните средби со таткото на Меси бил категоричен дека тие сметаат на аргентинската ѕвезда како на клучна фигура за тимот и тој мора да го исполни договорот кој му истекува следното лето. Лео денеска треба да излезе со официјален став.

