Македонската фудбалска репрезентација засилено се подготвува за дуелите со Ерменија и Грузија во Лигата на Нации. Стефан Спировски е убеден дека македонската репрезентација може да ги добие и двата дуели. Во пресрет на натпреварите изјави:
„Мислам дека сме подготвени, некои веќе почнавме со првенства, но ќе видиме. Одиме прво со Ерменија, па со Грузија… По тоа што го прикажавме во претходните Лига на нации и во квалификациите нѐ става во рангот на фаворити, меѓутоа тоа треба да го покажеме на терен“, изјави фудбалерот на АЕК Ларнака.