Македонската фудбалска репрезентација, утрово замина за Тбилиси каде утре во 18 часот по македонско време треба да го одигра и вториот меч од УЕФА Лигата на нации против селекцијата на Грузија. За овој меч селекторот Игор Ангеловски нема да смета на услугите на Иван Тричковски и Кире Ристевски, кои и не отпатуваа за Грузија поради повреда. Попладнево по пристигнувањето, нашата селекција треба да има тренинг на стадионот каде ќе се игра средбат аи покела да ја подготвува тактиката за утрешниот дуел. #Македонија замина за Тбилиси! #НапредМакедонија | 🇲🇰#СегаЕНашеВреме | #МКД Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Понеделник, 07 септември 2020…
Author: saso
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги совладаа Хјустон Рокетс со 117:109 и со тоа израмнија на 1:1 во полуфиналната серија од Западната конференција. Во одличен меч, Лејкерси долго имаа убедлива предност, но во последната четвртина влегоа со само плус два (92:90). Кога беше најпотребно, Леброн доминираше во финишот од мечот, комплетно воодушеви, а Лејкерс се вратија за победа и израмнување на серијата, која продолжува со меч за два дена. Најефикасен кај победниците беше Ентони Дејвис со 34 поени, додека Леброн Џејмс постигна 28 поени. Од другата страна, Џејмс Харден го заврши мечот со 27 поени. Милвоки Бакс, пак, по продолженијата го…
Вчера со ждрепка беа одредени и двојките за мечевите од втората и третата рунда од Лига купот на Англија. Една од најинтересните пресметки е несомнено натпреварот помеѓу Лестер и Арсенал во третото коло, во кој се вклучени екипи кои учествуваат во европските купови Освојувачот на трофејот Манчестер Сити своето учество ќе го започне против подобриот од Бурнмаут или Кристал Палас. Финалистот од минатата година, Астон Вила, кој го започна второто коло, ќе се соочи со Бартон. Шампионот на Ливерпул ќе биде домаќин на Брадфорд или Линколн, а Манчестер Јунајтед ќе се соочи со Ридинг или Лутон. Натпреварите од второто коло ќе се играат…
По синоќешниот пораз од екипата на Веспрем во финалето на Ф4 турнирот од СЕХА Лигата, свој коментар за средбата имаше голманот, Борко Ристовски. „Заслужена победа за нив на крајот. Имаме многу нови играчи и очигледно ќе ни треба малку време за да ги однесеме работите во вистинската насока. Овој турнир ни помогна да сфатиме дека има уште многу работи на кои треба да работиме и верувам дека во случај да успееме да се подобриме во тие аспекти на играта, ќе имаме добра сезона. Тоа е она што е најважно за нас во моментот. Денес докажавме дека не дојдовме тука со „бело знаме“. Во спортот треба…
Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, би можел да добие шанса повторно да стане дел од клубот откако го одигра првиот натпревар по шест месеци. Германскиот плејмејкер беше стартер на последниот предсезонски натпревар во саботата против Астон Вила. Според „Сан“, тој сега има шанса да игра на првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата оваа недела со Фулам. 31-годишниот Озил нема играно на ниту еден од 13-те натпревари на Арсенал оваа сезона од рестартирањето на фудбалската сезона, па дури и не беше вклучен меѓу резервите. Менаџерот на тимот, Микел Артета, решил да побара начини за интеграција на поранешниот германски репрезентативец, така што…
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ синоќа беше дисквалификуван од натамошните настапи на УС Опен, откако на дуелот од осминафиналето протв Шпанецот Карењо-Буста, непромислено со топче ја погоди линиската судијка на мечот. По неколкуминутниот разговор со судиите, беше одлучено мечот да се прекине, а Ѓоковиќ да биде дисквалификуван. Неколку часа подоцна се огласи и самиот тенисер. „Целата оваа ситуација ме прави навистина тажен и празен. Проверив како се чувствува судискиот судија и според информациите што ги добив, таа се чувствува добро, фала му на Бога. Не можам да го откријам нејзиното име за да ја зачувам нејзината приватност. Навистина ми…
По завршувањето на Ф4 турнирот од годинешното издание на СЕХА Гаспром лигата, беше избран и идеалниот тим според гласовите на навивачите. Во него место имаше и за еден од ракометарите на Вардар. Во идеалниот тим место имаше за: Лево крило – Давид Мандиќ (Загреб) Лев бек – Александар Шкурински (Мешков Брест) Среден бек – Ловро Јотиќ (Вардар) Десен бек – Хорхе Македа (Веспрем) Десно крило – Гашпер Маргуч (Веспрем) Пивот – Андреас Нилсон (Веспрем) Голман – Родриго Коралес (Веспрем) Најдобар дефанзивец – Блаж Благотиншек (Веспрем)
Ракометарите на Вардар не успеаја да ја одбранат титулата во СЕХА лигата. Во финалниот меч на Ф4 турнирот во Задар вечерва, унгарски Веспрем славеше убедливо со 35-27 и по третпат во историјата на регионалното натпреварување го освојува победничкиот пехар. Од почеток до крај Веспрем ја покажа разликата во квалитет која ја има меѓу овие два тима на стартот на сеозната. вардар во неколку наврати се обидуваше да се приближи, па на пауза замина со три гола негатива (12-15). Сепак, во вториот дел Унгарците засилија темпо, Вардар падна во играта и во напад и во одбрана, а сето тоа резултираше со…
Ракометарите на Мешков Брест го освоија 3. место на годинешниот завршен турнир од СЕХА лигата во Задар. Во малото финале, Белорусите беа убедливи против хрватскиот шампион, совладувајќи го со 29-24. Уште во првото полувреме Мешков ги постави работите како што треба, играше цврсто и на пауза замина со два гола предност (14-12). Во вториот дел доминацијата на Мешков Брест продолжи, а со тоа се зголеми и предноста, која на крајот изнесуваше 5 гола. Со 7 гола Јуринок беше најефикасен кај Мешков Брест, додека кај ППД Загреб, Обрадовиќ постигна 5 гола.
Возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли стигна до првиот триумф во кариерата, откако денеска изненадувачки победи на трката за ГН на Италија, осма трка од годинашниот шампионат во Формула 1. На тој начин, Гасли стана 109-ти победник во историјата на Формула 1, и 13-тиот Французин кој се нашиол на највисокото скалило на подиумот. Претходната победа под француско знаме ја забележа Оливие Пани во 1996 година на Гран при на Монако. Интересно е што Гасли му го донесе на својот тим вториот триумф во историјата, 12 години откако Себастијан Фетел исто така стигна до деби победа во Монца за тимот што тогаш…
