Ракометарите на Вардар не успеаја да ја одбранат титулата во СЕХА лигата. Во финалниот меч на Ф4 турнирот во Задар вечерва, унгарски Веспрем славеше убедливо со 35-27 и по третпат во историјата на регионалното натпреварување го освојува победничкиот пехар.
Од почеток до крај Веспрем ја покажа разликата во квалитет која ја има меѓу овие два тима на стартот на сеозната. вардар во неколку наврати се обидуваше да се приближи, па на пауза замина со три гола негатива (12-15).
Сепак, во вториот дел Унгарците засилија темпо, Вардар падна во играта и во напад и во одбрана, а сето тоа резултираше со висок пораз. Кај Веспрем одлична партија имаа Ненадиќ со 5 и Манаслов, Мораеш, Нилсон и Лекаи со по 4 гола.
Во составот на Вардар, Калараш постигна 6 гола, а Јотиќ и Валчак имаа по 4.
🥇🎉🎉 @telekomveszprem‘s THIRD TITLE 🎉🎉🥇#HANDBALLISBACK #SEHAFinal4 #SEHALeague #Gazprom #HEP #viseodstruje pic.twitter.com/hoDPD9WRWe
— SEHA-GAZPROM LEAGUE (@SEHALeague) September 6, 2020