По вчерашната седница на Здружението на прволигашите, КФСМ денеск аго објави и комплетниот распоред на натпреварите за новата кошаркарска сезона 2020/21 во домашниот шампионат во машка конкуренција. Уште во 1. коло на 3 октомври ќе го имаме големото градско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје А. Во продолжение и комплетниот распоред на натпреварите: ЛИНК
Author: saso
Австриската фудбалска лига остро ги критикуваше новите мерки во борбата против Ковид-19, кои ги објави владата вчера. Овие најднови мерки вклучуваат намалување на посетеноста на масовни настани како што е фудбалското првенство во земјата. Од понеделник, максималниот број на учесници на настани на отворено ќе се намали од 10.000 на 3000. Оваа промена „го прави планирањето исклучително тешко“, рече шефот на Бундеслигата Кристијан Ебенбауер. „Некои клубови најверојатно ќе се соочат со„ вистинска закана за нивното постоење ““, додаде тој. На првиот натпревар сезонава одигран синоќа Рапид Виена собра десетина илјади навивачи на својот стадион против Адмира.
Дефанзивецот на Челзи, Маркос Алонсо е една од трансфер целите на Интер, пренесуваат медиумите во Италија. Нероаѕурите ќе се обидат да потпишат со 29-годишниот Шпанец доколку Далберт Енрике или друг лев го напушти Милано ова лето. Тренерот на Интер, Антонио Конте е запознаен со квалитетите на Алонсо од нивната заедничка работа на „Стемфорд Бриџ“ и верува дека тој ќе биде од корист за тимот во сезоната во која Интер ќе јуриша на Скудетото. Сепак, договорот на дефанзивецот со „сините“ е до јуни 2023 година и Интер ќе мора да плати добра сума за неговиот потпис.
Новата сезона во НБА кошаркарската лига нема да започне пред 25 декември. Стартот на новата сезона во најсилната кошаркарска лига првично беше планиран за први декември, но по последните состаноци на челниците на лигата е утврдено дека стартот ќе мора да почека најмалку до Божиќ. НБА исто така ќе го помести драфтот за 2020 година, кој требаше да се одржи во јуни. Поради пандемијата на коронавирус тој беше поместен за 16 октомври, а потоа за 18 ноември. Со поместување на драфтот од октомври во ноември, НБА и синдикатот на играчи ќе имаат време да направат некои измени и дополнувања на колективниот…
Доминик Тим и Александер Зверев ќе играта во големото машко финале на УС Опен. Тим за првпат во кариерата ќе игра финале на овој Грен Слем турир, откако во полуфинале го совлада Данил Медведев со 6-2, 7-6 и 7-6. Австриецот по четвртипат во кариерата ќе се бори за една од најголемите титули во тенисот, претходно загуби во финале на Австралијан опен (2020) и двапати загуби во финалињата на Ролан Гарос (2018, 2019). Претходно, Германецот Зверев во првото полуфинале го совлада Карењо-Буста во маратонски меч кој траеше пет сета со 3:2.
Возачот на тимот на Ред Бул КТМ Ајо, Хорхе Мартин е позитивен на коронавирус, па затоа ќе го пропушти Гран прито на Сан Марино и Римини оваа недела во категоријата Мото2. Мартин е првиот возач во која било од трите класи на Светскиот шампионат во мотоциклизам, кој е заразен со коронавирусот од почетокот на сезоната. Следните неколку дена младиот Шпанец ќе ги помине во карантин, како и луѓето од тимот кои биле во близок контакт со него. Мартин е шампион во категоријата Мото3 од 2018 година, а веќе подолго време се шпекулира дека од следната сезона ќе се пресели во…
Крис Смолинг е се поблизу до враќањето на Рома на трајна основа за сума од само 12 милиони евра. Дефанзивецот кој ја помина минатата сезона на „Стадио Олимпико“ на позајмица и веројатно беше нивниот најдобар централен бек, немаше опција за купување, така што преговорите со Манчестер Јунајтед влегфоа во криза. Јунајтед дури и не му дозволи на Смолинг да остане во Рома за походот во Лигата на Европа во август. Сепак, Рома сега е под водство на новите сопственици со Дан Фридкин е на пат да го врати Смолинг во Италија. Зделката е пред реализација, само е работа на детали,…
Германскиот возач во Формула 1, Себастијан Фетел е нов член на Астон Мартин, потврдија од тимот. Се шпекулираше дека по заминувањето на Серхио Перез, четирикратниот шампион во Формула 1 ќе се приклучи на тимот наречен Расинг Поинт, а на почетокот на август Фетел потврди дека имал состанок со челниците на Астон Мартин. Договорот меѓу Фетел и неговиот нов тим остава отворена опција за соработка дури и по 2021 година. „Среќен сум што конечно ја споделувам добрата вест за мојата иднина. Горд сум што сум возач на Астон Мартин следната сезона. Тоа е нова авантура за мене, со легендарна компанија. Импресиониран…
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, е позитивен на Ковид-19. Ова беше потврдено на официјалната веб-страница на клубот на нашиот репрезентативец, Елиф Елмас. Засега нема подетални информации, ниту пак е позната здраствената состојба на Де Лаурентис, кој веројатно веќе е ставен во изолација.
ФК Беласица го претстави новиот проект за изградба на модерен стадион. Од информацијата која беше објавена, станува збор за проект кој ќе го градат група инвеститори, а планот е стадионот „Благој Истатов“ да добие комплетно нов изглед најдоцна до 2022 година. Капацитетот на стадионот ќе биде 20.000 места, а цената на изградба ќе чини меѓу 15 и 18 милиони евра. #NewProject #NewStadium #BlagojIstatov pic.twitter.com/zSQc6ZtpKb — FC Belasica (@BelasicaMK) September 9, 2020 #СтадионБлагојИстатов #НапредПлави #ФКБеласица Posted by FK Belasica on Среда, 09 септември 2020
