Младата sвезда на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд беше избран за најдобар млад играч минатата сезона. 20-годишниот десен бек стана еден од најдобрите, а некои дури го нарекоа и најдобар на својата позиција во последните неколку години. „Добивањето на оваа награда е навистина одлично. Неверојатен трофеј. Имињата напишани на овој трофеј пред мене се навистина исклучителни. Тоа е многу горд момент за мене и за моето семејство“, изјавил десниот бек на Ливерпул.
Author: saso
Лацио денеска и официјално го потврди трансферот на косовскиот репрезентативец, Ведат Муричи. Муричи се сели во Рим од Фенербахче за сума од 20 милиони евра. Централниот напаѓач се сели од Истанбул во Рим по една извонредна сезона со 15 погодоци на 32 натпревари.
Поранешниот македонски репрезентативец, Леонард Жута, утрово и официјално е преставен како ново засилување на италијанскиот второлигаш Лече. Тимот кој не успеа да се спаси од испаѓање од Серија А минатата сезона, во очекување на почетокот на новата успеа да го договори трансферот на Жута, кој пред извесно време се врати во Шведска и заигра за екипата на Хакен. Левиот бек веќе ги поминал лекарски прегледи и ставил потпис на двегодишен договор со опција за продолжување за уште една година.
Италијанска доминација на Мото ГП трката во Мисано попладнево. Марко Морбидели ја запиша својата прва Мото ГП победа во кариерата. Возачот на Јамаха денеска возеше одлично од самиот старт, успеа да ја победи конкуренцијата и да оствари триумф на трката за ГН на Сан Марино. На второто место заврши неговиот сонародник Франческо Багнаја, а трет финишираше Шпанецот Жоан Мир, кој во последните кругови му го одзема местото на подиумот на искусниот Валентино Роси, кој на крајот остана четврти. Awesome to see!!! 😎@FrankyMorbido12 is congratulated by his mentor @ValeYellow46! 👊#FrankySaysRelax | #SanMarinoGP 🇸🇲 pic.twitter.com/lsLMWg3S6F — MotoGP™🏁 (@MotoGP) September 13, 2020
Реал Мадрид планира да одржи психолошки разговори со играчот од средниот ред Еден Азар, пренесува ОК Диарио. Според изворот, Зинедин Зидан и неговите помошници ќе соработуваат со играчот од средниот ред за да го ослободат од страв од повреда. Минатата сезона, Азар одигра 16 натпревари, стана автор на еден постигнат гол и шест асистенции. Тој имаше голем број повреди и не беше во можност целосно да ги исполни очекувањата од Мадрид, па клубот има намера сериозно да работи со психологијата на играчот.
Јапонката Наоми Осака триумфираше на Грен Слем тунирот УС Опен, откако во финалето ја совлада Викторија Азаренка со 2-1 во сетови (1-6, 6-3, 6-3). До втората титула на УС Опен, а трета во нејзината кариера од Грен Слем турнирите, Осака стигна со сензационален пресврт откако губеше по првиот сет и тоа со само еден освоен гејм. Победата ја прослави со дрес од легендарниот Коби Брајант. Вечерва се игра и машкото финале во кое ќе се сретнат Тим и Зверев.
Килијан Мбапе му соопштил на раководството на ПСЖ дека сака да си оди на крајот на сезоната 2020/21. Со ова полека ќе се остварат најавите дека Мбапе им апред договор со некој од европските гиганти, откако минатото лето се шпекулираше дека Реал (М) е клубот кој е најзагреан за него. Мбапе дојде во ПСЖ од Монако во 2018 за околу 180 милиони фунти и потпиша петгодишен договор. Британски „Тајмс“ наведува дека Мбапе им соопштил на раководните луѓе на ПСЖ дека оваа сезона ќе даде се од себе да се освои се што може, а потоа ќе тргне кон нов предизвик.
Непријатни вести за навивачите во Англија. Според пишувањето на англискиот печат, стадионите на Островот остануваат затворени за навивачи најмалку до 2021 година, откако локалната власт презеде нови мерки за борба против коронавирусот. Тестовите за прием на мал број луѓе на стадионите се очекуваше да започнат етапно во октомври, но по новите ограничувања, тие планови беа замрзнати. Сепак, можно е да има сериозни протести, бидејќи во моментов клубовите, особено оние во пониските дивизии во Англија, претрпуваат исклучителни загуби
Само две недели по прекинувањето на партнерството со светскиот гигант Најк, бразилската суперѕвезда Нејмар потпиша договор со друг светски познат лидер во спортска опрема – Пума. Американскиот бренд и Нејмар се партнери веќе 15 години, но пред две недели компанијата објави дека нема да ја обноват врската со Бразилецот. 28-годишниот Нејмар во своите социјални профили објави дека од денес ќе стане заштитно лице на „Пума“, брендот кој низ годините го претставуваа играчи како Пеле, Јохан Кројф, Еузебио и Диего Марадона.
Играчот за врска на Барселона, Артуро Видал е близу до трансфер во Интер, пренесуваат медиумите блиски до миланскиот тим. Според извори од клубот, следната недела двете страните ќе одржат состанок на кој ќе се договорат за трансферот на Чилеанецот. Според најавите, тој се очекува да пристигне во Милано на 14 септември за да ги мине лекарските прегледи. Претходно беше објавено дека Видал се договорил со Интер за годишна плата од 6 милиони евра + бонуси, со договорот кој ќе важи до 2022 година со можност за продолжување на уште една година.
