Само две недели по прекинувањето на партнерството со светскиот гигант Најк, бразилската суперѕвезда Нејмар потпиша договор со друг светски познат лидер во спортска опрема – Пума.
Американскиот бренд и Нејмар се партнери веќе 15 години, но пред две недели компанијата објави дека нема да ја обноват врската со Бразилецот.
28-годишниот Нејмар во своите социјални профили објави дека од денес ќе стане заштитно лице на „Пума“, брендот кој низ годините го претставуваа играчи како Пеле, Јохан Кројф, Еузебио и Диего Марадона.

