Напаѓачот на Лион, Мемфис Депај можеби е голема трансфер цел на Барселона, но можно е тој да заврши во Милано, тврди италијанскиот печат. Лион е подготвен да го понуди Депај како дел од можниот трансфер на Лукас Пакета во редовите на Французите. Преговорите со Каталонците се во застој, а Депај во минатото беше поврзуван со преселба во Милан. Неговиот договор истекува за помалку од една година и Лион не сака следното лето да го пушти без пари. Сепак, не е јасно дали Милан е заинтересиран за голгетерот во моментот, бидејќи тие веќе имаат солиден стартер во нападот во името на…
Author: saso
31-годишниот велшки напаѓач Герет Бејл, денеска траба да отпатува во Лондон за да го заврши својот трансфер во редовите на Тотенхем. Агентот на фудбалерот потврди дека се решени сите дилеми со Реал (М), и сега останува да се почека само официјалното соопштение за транзицијата. Истата всушност ќе биде договор за позајмица според кој Тотенхем ќе му плати на Велшанецот половина од сумата според договорот кој тој го има со Шпанците.
Швеѓанецот Мондо Дуплантис успеа да го собори и легендарниот светски рекорд на Сергеј Бубка на отворено. Дуплантис испиша историја на митингот од Дијамантската лига во Рим синоќа, откако прескокна 6,15 метри на вториот обид во натпреварите во скок со стап. Со тоа го подобри досегашниот светски рекорд кој беше во сопственост на легендарниот Украинец, Сергеј Бубка, 6,14 метри, поставен во Сестриере во јули 1994 година. Во февруари, Дуплантис го урна светскиот рекорд во сала со прескокнати 6,17 метри во Торун, Полска, пред да скокне уште еден сантиметар повисоко во Глазгов неколку недели подоцна. ICYMI: Mondo Duplantis cleared 6.15m today in…
Третиот македонски преставник во ЛЕ, екипата на Силекс, не успеа да ја мине втората квалификациска рунда, откако вечерва во Скопје загуби со убедливи 2:0 од косовска Дрита. Кратовци одиграа очаен меч во кој скоро и не шутнаа кон противничкиот гол, а гостите од пенал и гол од игра ја искористија шансата која ја добија и обезбедија место во 3. коло.
Фудбалерите на Шканедија обезбедија пласман во 3. квалификациско коло од Лигата на Европа. Вечерва на гостувањето во Романија против екипата на Ботошани, тетовци славеа со минимални 1:0 благодарение на извонредниот погодок на Бесарт Ибраими уште во 2. минута. Домашните цел натпревар се обидуваа да израмнат, но Шкендија одигра компактно, па и откако остана со играч помалку во 67. минута по исклучувањето на Алими, успеа да остане приземна и да го одбрани водството. За тренерот Ѓока и неговите момци сега следува нов предизвик во екипата на Тотенхем, која доаѓа во Скопје идниот четврток.
Фудбалерите на Ренова со минимален пораз од 1:0 против сплитски Хајдук ги завршија настапите во Лигата на Европа за оваа сезона. Со голот на Цакташ во 4. минута, Хрватите дојдоа во водство, кое до крајот го претворија во пласман во следната рунда на ЛЕ. Ренова имаше одлично второ полувреме,но и покрај неколкуте зрели шанси не успеа да дојде до израмнување.
Ракометарите на Вардар се поразени со 24:22 на гостувањето во Белорусија против Мешков Брест во првиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите. Момците на Алушовски го имаа мечот в рака кога на 3 минути пред крајот имаа предност од еден гол, но не знаеја да ја искористат до крај, им дозволија на домашните да се вратат во ритам и да приредат целосен пресврт. Мешков посреќно дојде до премиерните бодови во групата, а Вардар уште еднаш ги демонстрираше своите слабости во играта, кои овој нов тим треба да ги поправа во од, додека трае сезоната. Вечерва сите пофалби одат…
Во пресрет на утрешниот меч од Лигата на Европа, екипата на Силекс одржа прес-конференција пред дуелот со косовска Дрита. Пред мечот со Косоварите тренерот на кратовци, Горан Симов ги искажа своите очекувања. „Не очекува тежок меч, а колку немавме среќа со Карабах и таа ждрепка, сега извековме екипа со која можеме да се надигруваме. Ние на хартија сме фаворити, ама на Арената сме и ние гости. На нас во последно време ни одговара ваков широк терен. Едно е сигурно, дека ќе биде неизвесен меч можно е да трае и повеќе од 90 минути. Јас сум тренер кој оди секогаш на…
Довчерашниот ракометар на Вардар, Словенецот Сташ Скубе за првпат по заминувањето од Скопје ќе биде на спротивната страна на теренот против „црвено-црните“. Словенечкиот среден бек имаше значајна улога во таборот на Вардар со кој успеа да дојде и до трофеј во Лигата на шампионите. Неговиот Мешков Брест утре го пречекува македонскиот тим. Иако белорускиот состав е фаворит на оваа средба, сепак Скубе е внимтелен во изјавите. „Тешко е да се каже. Да, има нови играчи, но рано е да се носи каков било заклучок. Кога првапат дојдов во Скопје ги губевме сите пријателски, а на крајот на сезоната ја освоивме…
Бранислав Ивановиќ официјално се врати во Премиер лигата откако потпиша едногодишен договор со повратникот во елитата, Вест Бромвич Албион. 36-годишниот Србин го напушти Челзи во февруари 2017 година и последните три и пол години ги мина во Русија со Зенит. Ивановиќ станува шестото ново засилување за менаџерот Славен Билиќ ова лето по доаѓањето на Дианана, Матеус Переира, Седрик Кипар, Дејвид Батон и Калум Робинсон.
