Напаѓачот на Лион, Мемфис Депај можеби е голема трансфер цел на Барселона, но можно е тој да заврши во Милано, тврди италијанскиот печат. Лион е подготвен да го понуди Депај како дел од можниот трансфер на Лукас Пакета во редовите на Французите.
Преговорите со Каталонците се во застој, а Депај во минатото беше поврзуван со преселба во Милан. Неговиот договор истекува за помалку од една година и Лион не сака следното лето да го пушти без пари. Сепак, не е јасно дали Милан е заинтересиран за голгетерот во моментот, бидејќи тие веќе имаат солиден стартер во нападот во името на Златан Ибрахимовиќ.

