Фудбалерите на Шканедија обезбедија пласман во 3. квалификациско коло од Лигата на Европа. Вечерва на гостувањето во Романија против екипата на Ботошани, тетовци славеа со минимални 1:0 благодарение на извонредниот погодок на Бесарт Ибраими уште во 2. минута.
https://www.youtube.com/watch?v=4cKvvjMNBoU&feature=emb_logo
Домашните цел натпревар се обидуваа да израмнат, но Шкендија одигра компактно, па и откако остана со играч помалку во 67. минута по исклучувањето на Алими, успеа да остане приземна и да го одбрани водството.
За тренерот Ѓока и неговите момци сега следува нов предизвик во екипата на Тотенхем, која доаѓа во Скопје идниот четврток.

