Author: saso

Манчестер Јунајтед го договори трансферот на дефанзивецот на Порто, Алек Телес, кој се согласи на 5-годишен договор. „Црвените ѓаволи“ го посакуваа и Серхио Регилон од Реал Мадрид, но Тотенхем беше побрз и го доби младиот Шпанец. Така Јунајтед се сврте кон 27-годишниот Бразилец, за кој исто така е заинтересиран за ПСЖ. Телес има договор со Порто до крајот на сезоната, поради што Португалците се подготвени да го продадат сега, наместо следното лето да го загубат без пари. Во Англија се шпекулира дека Телес ќе потпише договор на 5 години и ќе добива 88 илјади фунти неделно. 

Read More

Откако го доведе Тиаго Алкантара, Ливерпул е близу до нов трансфер откако се договори со Вулверхемптон за купување на напаѓачот Диого Жота. Двата клуба се договорија за договор вреден 45 милиони фунти, а 23-годишниот Португалец се очекува да ги помине медицинските тестови и трансферот да биде комплетиран денеска. Веројатно трансферот на дефанзивецот на „црвените“ Ки-Јана Хувер во редовите на Вулвс ќе помогне за неговата реализација, бидејќи тие ќе платат 10 милиони фунти за младиот фудбалер.

Read More
NBA

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс стигна до предност од 1:0 во финалната серија на Западот против Денвер откако го добија првиот натпревар со убедливи 126:114. Лрејкерси тргнаа фуиозно и уште во првата четвртина покажаа дека се решени да дојдат до премиерната победа. Кај победникот Ентони Дејвис со 37 поени брилјираше, особено што 20 од нив постигна во второто полувреме од мечот. Леброн Џејмс натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок со 16 поени и 12 асистенции. Џамал Мареј и Никола Јокиќ натпреварот го завршија со по 21 поен во дресот на Нагетс.

Read More

Интер официјално го врати напаѓачот Андреа Пинамонти. 21-годишниот фудбалер се враќа на „Сан Сиро“ откако минатата сезона играше на позајмица во Џенова. Случајот е многу интересен бидејќи се веруваше дека Џенова ја активирала откупната клаузула за напаѓачот, која изнесуваше 19,5 милиони евра, но во исто време „нероаѕурите“ го задржаа правото на откуп за 20 милиони. Иако беше најавено дека Пинамонти ќе биде продаден во Џенова, Интер објави дека напаѓачот се враќа во Милано.

Read More

Астон Вила официјално го доведе напаѓачот на Лион, Бертран Траоре. Составот од Бирмингем прв ги објави вестите на својата клупска веб-страница. Трансферната сума за играчот, која ќе му биде исплатена на францускиот клуб е 17 милиони фунти со можност да се зголеми на 19 милиони според бонусите. Договорот со 25-годишниот Траоре е на четири сезони. Во својата кариера, Бертран Траоре, играше и за Челси, Витесе и Ајакс. 

Read More

Преостанатите натпревари од квалификациите за Евробаскетот 2021, Македонија ќе мора да ги игра турнирски. Земајќи го предвид здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и службениците и следејќи ја препораката од Медицинската комисија и Комисијата за натпревари, Извршниот комитет на ФИБА донесе одлука квалификациите за ноември 2020 и февруари 2021 година во двата „прозорци“ да се спроведуваат во т.н. „меури“ (“bubbles”), наместо да се играат по системот „дома-гости“. Секој „меур“ќе се состои од четири или осум екипи (една или две квалификациски групи). Домаќините ќе бидат одредени на регионално ниво и ќе бидат објавени во догледно време.

Read More

Хокеарите на Тампа Беј се пласираа во финалето на НХЛ лигата, откако во шестиот меч од финалето на Истокот успеаја да дојдат до четвртата победа во пресметките со Њујорк Ајлендерс. Тампа победи со 2:1 по продолженија на шестиот натпревар и ја освои серијата на Истокот со 4:2 во победи.  Во битката за Стенли Купот, екипата на Тампа Беј ќе се сретне со Далас, кој претходно ја доби серијата од финалето на Западната конференција.

Read More

Јувентус и Џенова се на пат да постигнат договор за трансфер на Марко Пјаца, кој се чини дека е подготвен да се пресели на „Мараси“. 25-годишниот хрватски репрезентативец ќе се пресели на позајмица во Џенова за следната сезона, а двата клуба се уште работат на бројките за можна опција за откуп на договорот во јуни. Торинскиот весник „Туроспорт“ пишува дека Андреа Пирло бил импресиониран од 25-годишното момче во последните неколку недели, но не се знае дали за него ќе има место во тимот. Пјаца работи напорно на тренинзите за да го покаже својот талент кај новиот тренер, но на крајот,…

Read More

Организаторите на Ролан Гарос одлучија драстично да го намалат бројот на гледачи кои ќе можат да присуствуваат на турнирот, додека еден турнир во Русија е целосно откажан. Француските организатори веќе некое време најавуваат играње пред публика, но има се помалку шанси тоа и да се оствари во целост. Според „Л’Екип“, наместо најавените 11.500 луѓе на ден, на „Ролан Гарос“, ќе има најмногу 5000 или 45 проценти помалку. Исто така, наместо гледачите да бидат распределени на трите најважни стадиони секој ден, споменатите 5000 ќе можат да влезат само на главниот, Филип-Шатрие. Причината за ваквиот потег е растот на бројот на заболени…

Read More

Победничката на УС Опен, Јапонката Наоми Осака се повлече од настап на Ролан Гарос. Осака која ја освои третата Грен Слем титула во Њујорк, како победничка на УС Опен не е подготвена да игра на Ролан Гарос и ќе го пропушти турнирот во Париз поради повреда на тетивата. „За жал, годинава нема да можам да играм на Ролан Гарос. Тетивата ме боли, така што нема да имам време да се подготвам за овие два турнири“, напиша Осака на социјалните мрежи.

Read More