Јувентус и Џенова се на пат да постигнат договор за трансфер на Марко Пјаца, кој се чини дека е подготвен да се пресели на „Мараси“.
25-годишниот хрватски репрезентативец ќе се пресели на позајмица во Џенова за следната сезона, а двата клуба се уште работат на бројките за можна опција за откуп на договорот во јуни.
Торинскиот весник „Туроспорт“ пишува дека Андреа Пирло бил импресиониран од 25-годишното момче во последните неколку недели, но не се знае дали за него ќе има место во тимот. Пјаца работи напорно на тренинзите за да го покаже својот талент кај новиот тренер, но на крајот, тој повеќе би сакал да се пресели во клуб каде ќе има првотимски фудбал.
