Интер официјално го врати напаѓачот Андреа Пинамонти. 21-годишниот фудбалер се враќа на „Сан Сиро“ откако минатата сезона играше на позајмица во Џенова.
Случајот е многу интересен бидејќи се веруваше дека Џенова ја активирала откупната клаузула за напаѓачот, која изнесуваше 19,5 милиони евра, но во исто време „нероаѕурите“ го задржаа правото на откуп за 20 милиони.
Иако беше најавено дека Пинамонти ќе биде продаден во Џенова, Интер објави дека напаѓачот се враќа во Милано.

