Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс стигна до предност од 1:0 во финалната серија на Западот против Денвер откако го добија првиот натпревар со убедливи 126:114. Лрејкерси тргнаа фуиозно и уште во првата четвртина покажаа дека се решени да дојдат до премиерната победа.
Кај победникот Ентони Дејвис со 37 поени брилјираше, особено што 20 од нив постигна во второто полувреме од мечот. Леброн Џејмс натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок со 16 поени и 12 асистенции.
Џамал Мареј и Никола Јокиќ натпреварот го завршија со по 21 поен во дресот на Нагетс.

