Преостанатите натпревари од квалификациите за Евробаскетот 2021, Македонија ќе мора да ги игра турнирски. Земајќи го предвид здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и службениците и следејќи ја препораката од Медицинската комисија и Комисијата за натпревари, Извршниот комитет на ФИБА донесе одлука квалификациите за ноември 2020 и февруари 2021 година во двата „прозорци“ да се спроведуваат во т.н. „меури“ (“bubbles”), наместо да се играат по системот „дома-гости“.
Секој „меур“ќе се состои од четири или осум екипи (една или две квалификациски групи). Домаќините ќе бидат одредени на регионално ниво и ќе бидат објавени во догледно време.