Манчестер Јунајтед го договори трансферот на дефанзивецот на Порто, Алек Телес, кој се согласи на 5-годишен договор. „Црвените ѓаволи“ го посакуваа и Серхио Регилон од Реал Мадрид, но Тотенхем беше побрз и го доби младиот Шпанец.
Така Јунајтед се сврте кон 27-годишниот Бразилец, за кој исто така е заинтересиран за ПСЖ. Телес има договор со Порто до крајот на сезоната, поради што Португалците се подготвени да го продадат сега, наместо следното лето да го загубат без пари.
Во Англија се шпекулира дека Телес ќе потпише договор на 5 години и ќе добива 88 илјади фунти неделно.