Лидс Јунајтед е на пат да го ангажира дефанзивецот на Реал Сосиедад, Диего Љоренте. Шпанскиот репрезентативец треба да биде потпора за централната бековска позиција во тимот на Биелса. Лидс прими седум погодоци на своите први два натпревари во Премиер лигата и веројатно тоа не го радува Аргентинецот, кој бара нови решенија за дефанзивата. Поранешниот играч на Реал Мадрид, Љоренте, исто така може да игра и како последен играч за врска.
Author: saso
Легендарниот југословенски ракометар Златко Портнер почина ненадејно на 59-годишна возраст. Тој беше член на златната генерација на југословенски ракомет од 80-тите години на минатиот век. Кариерата ја започна во Хртковци, пред да пристигне во Шабац преку Црвенка во 1982 година, каде во следните седум сезони ги испиша најубавите страници на светскиот ракомет во генерацијата на „вонземјаните“ на Металопластика. Беше освојувач на Купот на шампионите (1985 и 1986 година). Неговиот понатамошен професионален пат го водеше до Барселона, која со него во тимот стигна до првиот трофеј во Купот на шампионите во 1991 година. По две години поминати во Франција (1992-1994), Портнер…
Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, изјави дека промената на НБА-календарот речиси сигурно ќе влијае на Олимписките игри во Токио следната година. Сезоната во НБА лигата нема да започне пред јануари 2021 година, што значи дека лигашкиот дел од сезоната ќе трае сигурно до јули, а тоа ќе им го отежни настапот на репрезентациите. ФИБА има закажано четири квалификациски турнири за ЛОИ во Токио, но очигледно НБА-играчите нема да можат да играат за своите репрезентации. Квалификациите се закажани за периодот од 22 јуни до 4 јули, а бидејќи сезоната ќе продолжи тогаш, невозможно е да се очекува дека кошаркарите кои имаат…
Поранешниот директор на Ферари, Стефано Доменикали ќе го преземе претседателското место во Формула 1. Тој ќе дојде на местото на Чејс Кери пред почетокот на следната сезона. 55-годишниот Италијанец ќе биде назначен за нов претседател на Ф1 пред крајот на календарската година. Формула 1 сè уште официјално не ја објави веста, но тимовите биле известени за одлуката во вторникот. Доменикали беше директор на Ферари во Формула 1 меѓу 2008 и 2014 година, а од 1998 година беше спортски директор на тимот. По заминувањето во април пред шест години, тој стана потпретседател на Ауди, а од 2016 година работи како претседател…
Попладнево на терените во Македонија ќе се одиграат натпреварите од 1. коло во фудбалскиот Куп. Откако вчера Вардар по пообро изведување на пенали го елиминираше Вардар Форино, денеска на програмата се преостанатите дуели. Во попладневниот термин од 15.30 часот ќе се одиграат најголемиот дел од натпреварите, додека средбата меѓу Кит Го и Скопје е закажана со почеток од 18 часот. ФУДБАЛ – КУП НА МАКЕДОНИЈА 1. КОЛО / 15.30 ч. Каменица Саса – Борец Гостивар – Тиквеш Македонија ЃП – Победа Охрид – Ренова Пелистер – Љуботен Росоман – Беласица Силекс – Тетекс Слога (В) – Шкупи Велешта – Кожув…
Американската тв-мрежа ЕСПН објави дека Били Донован ќе биде нов тренер на Чикаго Булс. Донован ја загуби работата по испаѓањето на Оклахома Сити Тандер од плеј-офот, бидејќи таа франшиза не сакаше да го продолжи неговиот договор. Двете страни затоа се разделија, а веднаш потоа официјалниот претставник на Булси, Артурас Карнишовас започна разговори со овој тренер. Според ЕСПН, Донован бил заинтересиран за визијата на Булси, пред се поради талентираните играчи и поради името на оваа голема франшиза што доминираше во 90-тите години. Оклахома, под водство на Донован, беше петпати по ред во плеј-офот.
Шпанскиот фудбалер Алваро Мората по четири години се врати во Јувентус. Најавената позајмица од Атлетико (М) беше официјализирана доцна синоќа. Мората (27) се враќа во редовите на „Старата дама“, за која играше од 2014 до 2016 година. Станува збор за едногодишен заем вреден 10 милиони евра, а Јуве ќе има можност да го купи за 45 милиони следното лето. Високиот напаѓач беше трета опција на италијанските шампиони, откако пред него, Пирло се интересираше и за Луис Суарез или Един Џеко, но и двете имиња не успеаја да најдат начин за преселба во Торино.
Барселона и холандски Ајакс постигнале прелиминарен договор за трансфер на десниот бек Сержињо Дест, информираа каталонските медиуми. Генералниот директор на Каталонците, Оскар Грау, успеал да ја заврши операцијата за трансфер на младиот фудбалер за кого Барселона ќе плати 20 милиони евра со бонуси кои изнесуваат 5 милиони евра. Сега треба да се завршат личните услови од договорот на Дест, пред Барселона и официјално да го потврди трансферот. Клубовите исто така се договориле исплатата од 20 милиони евра да се изврши на две или три рати. Дест би требало да потпише петгодишен договор со Барселона.
Франк де Бур ќе биде назначен за нов селектор на Холандија со договор до 2022 година. Позицијата остана празна откако Роналд Куман замина да ја превземе Барселона, а Де Бур последен пат работеше во САД на клупата на Атланта Јунајтед, но си замина во јули. Претходно беше тренер на Ајакс, Интер и Кристал Палас, а беше помошник тренер и во холандската репрезентација.
Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 114:106 и намалија на 2-1 во финалето на плеј-офот на Западната конференција во НБА лигата. Нагетси го контролираа резултатот во поголемиот дел од натпреварот, но скоро дојдоа во ситуација да стравуваат за победата откако прокоцкаа предност и од 20 поени во последната четвртина. Лејкерси стигнаа на кош заостанување на шест минути пред крајот, но во клучните моменти Мареј ја покажа својата вредност и сам му донесе голема победа на Денвер со две тројки. Никола Јокиќ иако немаше клучна улога во финишот, одигра одличен меч со нов дабл-дабл со 22 поени…
