Франк де Бур ќе биде назначен за нов селектор на Холандија со договор до 2022 година. Позицијата остана празна откако Роналд Куман замина да ја превземе Барселона, а Де Бур последен пат работеше во САД на клупата на Атланта Јунајтед, но си замина во јули.
Претходно беше тренер на Ајакс, Интер и Кристал Палас, а беше помошник тренер и во холандската репрезентација.