Author: saso

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Сеад Колашинац и официјално го напушта Арсенал. По три години поминати во Англија, Босанецот реши да с еврати во Германија, каде претходно го носеше дресот на Шалке. Баер (Л) успеа да го заврши трансферот на 27-годишниот лев бек и Колашинац наскоро ќе биде претставен како нов играч на „фармацевтите“. Арсенал од овој трансфер ќе заработи минимум 11 милиони евра, а постои можност трансферот да биде уште поголем доколку се исполнат одредени бонуси во договорот.

Read More

Ракометарите на Металург обезбедија пласман во групната фаза од ЕХФ Лигата на Европа, иако вечерва во Швајцарија загубија од екипата на Криенс со 22:21. Металург до последен момент остана трезвено во мечот, успеа да ја задржи позитивата од првиот дуел во Скопје од два гола разлика и на крајот на Македонија и официјално да и донесат два претставника во групната фаза од новоформираната Европска лига. На први октомври, Металург ќе ги дознае противниците во групната фаза, во која претходно директно место обезбеди Е.Пелистер.

Read More

Бараж натпреварот за пласман во Лигата на Европа меѓу Арарат од Ерменија и белградска Црвена звезда сепак ќе се игра на Кипар, односно надвор од земјата каде пред неколку дена беше прогласена воена состојба поради ескалација на конфликтот во регионот Нагорно Карабах. Иако клубот од Ереван во вторникот објави дека дуелот дефинитивно ќе се игра во четврток во 16 часот по средноевропско време на стадионот на Фудбалската академија на Ерменија, работите се сменија во текот на попладневните часови. Натпреварот меѓу шампионот на Србија и Ерменија ќе се одигра во Никозија, Кипар, а тоа е конечната одлука објавена на веб-страницата на…

Read More

Унгарски Пик Сегед на официјалната веб-страница објави дека има уште еден случај на инфекција со коронавирус кај свој ракометар, па членовите на тимот кои патуваа на мечот од ЛШ против Киелце се ставени во официјален карантин. Како што е познато, на шест играчи од Сегед меѓу кои и Банхиди Банче, Борут Мацковшек и Деан Бомбач, претходно им беше дијагностицирана инфекција со коронавирус, по што екипата го пропушти дуелот со ПСЖ, но одигра во средата кај Келце и загуби со 26:23. Новите тестови покажаа позитивен случај кај друг играч, па членовите на тимот повторно беа ставени во официјален карантин. Луѓето од…

Read More

Кристијано Роналдо со двата гола синоќа му обезбеди на шампионот Јувентус реми на гостувањето кај Рома. Во дербито на колото, Јуве не успеа да ја обезбеди и втората сезонска победа, но Португалецот вели дека ова е само почеток на сезоната и ништо не е страшно. „Ние сме само на почетокот на шампионатот, имаме нов тренер, но тимот е многу активен и добро се снаоѓаме. Екипата има позитивна иднина, иако Серија А ќе биде многу посилна од порано и ќе биде потешко да се освои титулата”, изјави Роналдо. „Рано е да се каже нешто, но тимот е многу посреќен и работиме…

Read More

Раководството на Манчестер Сити постигна договор со своите колеги од Бенфика за трансфер на дефанзивецот Рубен Диаз. „Граѓаните“ ќе платат скоро 65 милиони фунти за 23-годишниот Португалец. Во исто време, Николас Отаменди ќе оди во спротивна насока, но во посебна зделка. Сити за него ќе добие 13,6 милиони фунти. Двата трансфери ќе бидат финализирани откако Дијаз и Отаменди ќе се договорат за нивните лични договори.

Read More

Аргентинскиот фудбалер Гонзало Игуаин нема да го памети по добро своето деби во МЛС-лигата. Интер Мајами беше убедливо поразен на гостувањето во Филаделфија со 3:0, а Игуаин промаши пенал при резултат 2:0. Пеналот беше толку лоши изведен што противничките играчи му се смееја, па тој реши да влезе во конфликт со петмина од нив. Higuain skies the penalty kick 😳 pic.twitter.com/M5yZMMzpgI — ESPN FC (@ESPNFC) September 28, 2020

Read More

Кристијано Роналдо продолжува да воодушевува со своите достигнувања. Синоќа Португалецот со двата гола во ремито на „бјанконерите“ како гости кај Рома стана првиот играч во историјата кој може да се пофали со 450 погодоци во петте најсилни национални првенства во Европа. Роналдо го достигна ова ниво по одиграни вкупно 554 натпревари. Тој има 55 голови за Јуве во Серија А, 311 за Реал Мадридво Ла Лига и 84 за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата. Неговите 5 гола со Спортинг (Лисабон) во португалската Примера лига остануваат надвор од статистиката. Многу близу до CR7 е Лионел Меси. Аргентинецот за Барселона постигна 445…

Read More

Александра Симева и Горазд Србљак се новите државни прваци на Македонија во тенис. Вчера на терените на ТК „Југ“ во Скопје се одиграа финалните мечеви од државно тениско првенство во кои Симева и Србљак инаку тенисери на ТК „Тенис парк“ беа подобри од претставниците на ТК „Југ“, Ива Кузмановска и Калин Ивановски. Симева во финалниот меч во два сета со 7-5 и 6-1 ја победни Кузмановска и ја одбрани шампионската титула освоена минатата година. Во машкото финале Србљак со 3-6, 6-3 и 6-4 го победи Ивановски и успеа да го освои победничкиот пехар. За Србљак ова е четврта шампионска „круна“…

Read More

Тренерот на Атлетико (М), Диего Симеоне беше импресиониран од дебито на напаѓачот Луис Суарез со тимот од „Ванда Метрополитано“. Тој влезе во игра во 70-та минута во победата од 6:1 над Гранада и постигна два гола, а исто така имаше и една асистенција. „Двата гола не ме импресионираа толку како неговата асистенција и движење на теренот. Самиот Суарез знае што треба да прави и го прави токму тоа – тој игра за тимот”, рече Симеоне по мечот. „Трансферот на Суарез ни дава многу длабочина и ако сите од главната група ја искористатт минутажата што ќе ја имаат, тогаш сигурно ќе…

Read More