Александра Симева и Горазд Србљак се новите државни прваци на Македонија во тенис. Вчера на терените на ТК „Југ“ во Скопје се одиграа финалните мечеви од државно тениско првенство во кои Симева и Србљак инаку тенисери на ТК „Тенис парк“ беа подобри од претставниците на ТК „Југ“, Ива Кузмановска и Калин Ивановски.
Симева во финалниот меч во два сета со 7-5 и 6-1 ја победни Кузмановска и ја одбрани шампионската титула освоена минатата година. Во машкото финале Србљак со 3-6, 6-3 и 6-4 го победи Ивановски и успеа да го освои победничкиот пехар.
За Србљак ова е четврта шампионска „круна“ во низа.