Author: saso

NBA

Кошаркарите на Мајами Хит ќе играат во големото НБА финале по пауза од шест години. „Жешките“ го совлада Бостон Селтикс со 125-113 во шестиот натпревар и со тоа ја завршија финалната серија на Истокот со 4-2 во победи. Тие ќе играат финале за првпат од 2014 година, кога беа поразени од Сан Антонио Спарс. Мајами влезе во последната четвртина од мечот со поен предност, а Бостон се врати на почетокот од последната четвртина со серија од 10:2 и имаше +6. Тајлер Хиро носи нов пресврт, а последен пат Селтикси водеа на шест минути до крајот (100:98), по тројката на Тејтум.…

Read More

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас триумфираше на трката за ГН на Русија која денеска се возеше на автодромот во Сочи. Финецот започна од третата позиција и на крајот успеа лесно да стигне до втората победа во кариерата на оваа патека. Макс Ферстапен заврши како втор, шампионот Луис Хамилтон беше трет, а Серхио Перез беше четврти. Поени освоија и Даниел Рикардо, Чарлс Леклерк, Естебан Окон, Даниел Квјат, Пјер Гасли и Александар Албон. Ботас го престигна Макс Ферстапен на самиот старт, а подоцна во текот на трката го искористи пеналот на неговиот клупски колега Луис Хамилтон. Британецот беше казнет двапати со 10…

Read More

Селекторот на полската фудбалска репрезентација Јержи Бжечек е позитивен на коронавирусот, објави Полскиот фудбалски сојуз. Бжечек ќе помине низ стандардната постапка за изолација, во согласност со важечките прописи. Следниот натпревар на Полска е против Финска на 7 октомври во Гдањск. Тимот ќе игра и со Италија на 11 октомври и Босна и Херцеговина на 14 октомври во Лигата на нации. Се очекува селекторот во понеделник да го објави список на играчи кои ќе учествуваат на натпреварите на националниот тим во октомври.

Read More

Арсенал е се уште многу далеку од потребната сума која Лион ја бара за Хусеин Ауар, изјави претседателот на Лион Жан-Мишел Ола. Вчера во канцеларијата на Лион стигнала новата понуда на „топчиите“, но и таа не ги задоволува барањата на Французите. Според информациите, „топчиите“ понудиле 30 милиони фунти за играчот од средниот ред, но Лион нема намера да го продаде 22-годишниот играч за врска за таа сума.

Read More
NBA

По точно една деценија, кошаркарите на ЛА Лејкерс ќе се борат за шампионскиот прстен во НБА лигата. Лејкерс утрово извојуваа победа со 117-107 против Денвер Нагетс и со 4-1 во победи ја завршија финалната серија на Западот. Фантастичен меч одигра Леброн Џејмс кој оствари „трипл-дабл“ со 38 поени, 16 скока и 10 асистенции. Голема поддршка имаше од Ентони Дејвис, кој средбата ја финишираше со 27 поени. Кај Денвер најефикасен беше Никола Јокиќ со 20 поени. Во големото НБА финале Лејкерс го чекаат подобриот од Мајами и Бостон, каде во моментов Мајами има предност од 3:2 и е на победа до…

Read More

По катастрофалниот старт и убедливите порази од Баерн (М) и Вердер на стартот на новата сезона во Бундеслигата, Шалке 04 утроо му врачи отказ на тренерот Давид Вагнер.  Шалке беше поразен со 8-0 од Баерн Минхен на нивниот натпревар минатиот викенд и претрпе нов пораз од 3-1 од Вердер вчера. Откако тимот не победи на ниту еден од последните 18 натпревари во лигата јасна беше судбината на Вагнер. Наследникот на Вагнер ќе биде познат во наредните денови.

Read More

Златан Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирус, пренесоа италијански медиуми, а потврди и самиот клуб. Ибрахимовиќ нема да биде дел од тимот на Милан вечерва на пресметката со норвешки Бодо-Глимт во третото коло од квалификациите за Лигата на Европа. Според италијанските медиуми, Ибрахимовиќ не чувствува никакви симптоми, но веднаш е испратен во самоилозација во наредните две недели поради позитивниот тест. Ибрахимовиќ во првите две кола од Серија А постигна три гола и е најзаслужен што „росоњерите“ имаат максимален ефект.

Read More

Едуард Менди и официјално е нов голман на Челзи. Како што потврди лондонскиот клуб, сенегалецот потпишал петгодишен договор. „Возбуден сум што ќе му се приклучам на Челзи. За мене е остварување на сонот да бидам дел од овој тим и да работам со Френк Лампард. Со нетрпение чекам да се сретнам со соиграчите. Едвај чекам да им се придружам” , рече Менди. Сенегалецот пристигнува во лондонскиот клуб од француски Рен.

Read More

Пауло Дибала денеска се врати на тренинг на екипата на Јувентус, завршувајќи ја целата сесија со соиграчите. Подготвувајќи се за натпреварот против Рома овој викенд, Дибала се врати назад по повеќе од еден месец поминат надвор од терените поради повреда на бутот. Алваро Мората, кој вчера го заврши трансферот во Торино, веднаш беше на тренинг со „Старата дама“, изведувајќи индивидуални вежби според сегашниот протокол.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Висар Муслиу, заработи суспензија од два меча поради црвениот картон добиен на средбата со Грузија, но сепак, нема да недостасува во нашиот тим за престојниот меч со Косово во плеј-офот од минатото издание на Лигата на нации. Од УЕФА и официјално потврдија дека стоперот ќе игра со Косово на 8 октомври во 1/2 финалето од плеј – офот за пласман на ЕВРО 2021, додека поради двата жолти картони и црвениот со Грузија на гости на последниот меч во Тбилиси кога беше исклучен, ќе ги прескокне дуелите со Естонија на гости (11 октомври) и со Грузија дома (14…

Read More