По катастрофалниот старт и убедливите порази од Баерн (М) и Вердер на стартот на новата сезона во Бундеслигата, Шалке 04 утроо му врачи отказ на тренерот Давид Вагнер. Шалке беше поразен со 8-0 од Баерн Минхен на нивниот натпревар минатиот викенд и претрпе нов пораз од 3-1 од Вердер вчера. Откако тимот не победи на ниту еден од последните 18 натпревари во лигата јасна беше судбината на Вагнер.
Наследникот на Вагнер ќе биде познат во наредните денови.