Author: saso

Германскиот голман во екипата на Арсенал, Бернд Лено, е првиот голман на „топчиите“ кој во последните 8 години остана со празна мрежа на „Енфилд“. Последен кој успеа да не прими гол од „црвените“ нагостински терен е Италијанецот Вито Маноне во октомври 2012 година. Дуелот меѓу Ливерпул и Арсенал од Лига Купот заврши нерешено 0:0, а по подобро изведување на пенали, Арсенал мина во четврфиналето.

Read More

Откако синоќа се одиграа последните дуели од осминафиналето на Лига Купот на англија, веќе се познати и двојките за четврфиналето. Според ждрепката, лондонски Арсенал, кој го елиминираше Ливерпул на пенали, ќе игра против Манчестер Сити. Евертон во четврфиналната рунда за противник ќе го има Манчестер Јунајтед. Тотенхем ќе игра со Стоук Сити, а Брентфорд кој успеа да го мине премиерлигашот Фулам, за противник во оваа фаза го доби Њукасл. Четвртфиналето во Лига купот на Англија ќе се одржи во декември.

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од третиот и Металург од шестиот шешир ќе ги чекаат ривалите на утрешната ждрепка во Виена на која ќе се одредат групите за првото издание на ЕХФ Лигата на Европа. Еурофарм Пелистер со подобар рејтинг би требало да добие дел и полесни ривали од останатите три шешири, додека Металург практично ќе добие пет силни ривали. Според правилата на ЕХФ, Е. Пелистер и Металург не ќе може да играат во иста група. Ждрепката во Виена е закажана за утре од 11 часот. ШЕШИР 1 Abanca Ademar Leon (ESP) USAM Nimes Gard (FRA) SC Magdeburg (GER) Grundfos Tatabanya…

Read More

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски тренира одделно во екипата на Спортинг, откако влезе во конфликт со техничкиот тим заради неговиот пристап на тренинзите, кој не му се допаднал на Рубен Аморим, тренерот на лисабонските „зелено-бели“. Не е тајна дека Ристовски не е омилен кај стручниот штаб на Спортинг и од клубот веќе прават напори тој да биде продаден. Вчера дел од португалските медиуми објавија дека Спортинг за него ќе бара околу 3 милиони евра.

Read More

Борусија Дортмунд одбила и 90 милиони евра од Манчестер Ј. за потписот на младиот англиски репрезентативец, Џејдон Санчо. Според лондонски Гардијан, Јунајтед преку посредници испратил две понуди за офанзивниот играч на почетокот на неделата, едната од 80, а другата од 90 милиони евра. Луѓето од управата на „милионерите“ од Дортмунд одговориле веднаш, со тоа што ги отфрлиле и двете понуди. Германците не отстапуваат од барањата од 120 милиони евра за Санчо, кој е се поверојатно дека ќе остане во Германија. Новина е што бундеслигашот би прифатил дел од таа сума да е во вид на бонуси. Од „Лондон Тајмс“, пак,…

Read More

Капитенот на ерменската фудбалска репрезентација, Вараздат Харојан, ја прекина фудбалската кариера и е мобилизиран во војската на Ерменија која веќе неколку дена војува со Азербејџан. 28-годишниот фудбалер неодамна играше за Ерменија на дуелот против Македонија во Скопје, а требаше да го комплетира трансферот во Лариса, но тоа не се случи. Харојан, кој има 51 настап за својата репрезентација „е мобилизиран, како и сите ерменски граѓани на возраст под 40 години, и тој веќе е во воената зона“, се вели во пораката испратена до сопственикот на Лариса, Алексис Кујајас од агентот на фудбалерот.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Филип Фоден и напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд нема да бидат повикани во селекцијата на Англија за натпреварите во Лигата на нациите во октомври. Селекторот Герет Саутгејт, не планира да ги повика играчите, бидејќи не помина многу време од скандалозниот инцидент во кој младите играчи беа фатени како ги кршат правилата за карантин. Имено, по натпреварот на гости со Исланд во Лигата на нации (1:0), Фоден и Гринвуд ги донесоа девојките во хотелот каде се наоѓаше екипата. Саутгејт не заборавил на инцидентот и реши и овој месец да ги прескокне за репрезентативните…

Read More

Со поддршка на здраствените власти, Кинезите се надеваат дека веќе во средината на октомври, навивачите ќе се вратат на фудбалските стадиони. Како што објавија од тамошната лига, ПСР тестовите направени меѓу фудбалерите и членовите на клубовите во јули и август комплетно се негативни. Направени се повеќе од 20.000 тестови пред и по натпреварите во лигата, која се одржува во два центри во близина на Шангај и на Далиан, во северо-источна Кина. Овие резултати ги поттикнуваат властите да размислат да ги отворат вратите на стадионите и за навивачи, за втората фаза на првенството која ќе почне на 16 октомври.

Read More

Францускиот напаѓач од екипата на Барселона, Усман Дембеле, е близу до трансфер во Манчестер Јунајтед, тврди авторитетниот шпански весник АС. Според весникот, англискиот клуб ќе плати меѓу 50 и 60 милиони евра за 23-годишниот фудбалер. Каталонскиот клуб може да ја потроши добиената сума за купување на холандскиот напаѓач од екипата на Лион, Мемфис Депај. Дембеле се пресели во Барселона летото 2017 година од Борусија Дортмунд, но поради бројните повреди имаше малку настапи. Минатата сезона одигра само пет натпревари од Шпанското првенство од кои на само три имаше место во првиот тим.

Read More

Манчестер Сити и официјално го престави 23-годишниот дефанзивец Рубен Диас од Бенфика како ново засилување на тимот. Диас се сели на „Етихад“ со 6-годишен договор вреден околу 65 милиони фунти. Диас станува третото значајно летно засилување за Сити под водство на Пеп Гвардиола, по доаѓањето на дефанзивецот Нејтан Аке и напаѓачот Феран Торес.

Read More