Author: saso

Уште еден член на Евролигата денеска пријави кошаркари заразени со коронавирусот. Станува збор за руски Химки кој објави дека за време на рутинското тестирање на кошаркарите на тимот, идентификувани се три позитивни случаи на инфекција. Тестовите спроведени на 3 октомври открија условно позитивни резултати кај тројца кошаркари кои се асимптоматски. Вчера тројца кошаркари беа позитивни и кај ЦСКА (М).

Read More

Напаѓачот на Евертон, Моис Кин, кариерата ќе ја продолжи во францускиот шампионат и тоа во дресот на шампионот, ПСЖ. Според извори од клубот, ПСЖ се договорил за закуп на 20-годишниот фудбалер. Времетраењето и деталите за договорот за закуп не се соопштени. Кин влезе во составот на Јувентус во 2011 година, а дебитираше за првиот тим во 2017 година. Италијанскиот напаѓач постигна 8 голови на 21 натпревар. Во 2019 година, фудбалерот се пресели во Евертон за 27,5 милиони евра. Во сезоната 2019/2020, тој одигра 33 средби, постигна два гола и имаше две асистенции.

Read More

Фудбалерот од средниот ред Ерик-Максим Чупо-Мотинг е на пат да го засили Баерн (М). Европскиот шампион е заинтересиран за услугите на 31-годишниот камерунски фудбалер. Преговорите меѓу клубот од Минхен и Чупо-Мотинг се во напредна фаза. По истекот на договорот со ПСЖ, Чупо-Мотинг е во статус на слободен агент. Така, Баерн нема да мора да плати за негов трансфер.

Read More

Денеска со ждрепка беа одредени групите за новата сезона од УЕФА Лигата на Европа. Во неколку групи ќе има исклучително возбудливи пресметки. За издвојување е групата „Ф“ каде се најдоа Наполи, Реал Сосиедад, АЗ Алкмар и Ријека. Овде Наполи на Елиф Елмас ќе има две пресметки со Ријека на Дарко Велковски. Еве ги комплетните групи:

Read More

Денеска во Виена со ждрепка беа утврдени групите за премиерното издание на ЕХФ Лигата на Европа. Второто по ранг натпреварување, оваа година има и двајца македонски преставници во главната фаза. Еурофарм Пелистер се најде во групата „Д“ каде за противници ќе ги има екипите на Татабања (Унг), Кадетен Шафхаузен (Шва), Рајн Некар (Гер), ГОГ (Дан) и Тримо Требиње (Сло). Металург, пак, е член на првата група, каде за противници ќе ги има Адемар Леон (Шпа), Висла (Пол), Чех. Медведи (Рус), Тулуз (Фра) и австриски Фиверс. Pot 6 has been drawn and with that we have the complete groups for the…

Read More

Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани и официјално ќе биде дел од францускиот преставник во Лигата на шампионите, екипата на Рен. Во Италија утрово пишуваат дека тој наводно ги договорил условите со клубот. Централниот бек се поврзуваше и со Њукасл Јунајтед, Вест Хем, Фулам, Севиља и Валенсија. Сепак, „Скај Спорт Италија“ тврди дека Ругани склучил договор со Рен, каде ќе замине на позајмица на една сезона за 1,5 милиони евра. Французите исто така ќе ја исплатат целата негова плата за време на заемот, но се чини дека нема да добијат опција за откуп.

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп објави дека Џердан Шаќири наскоро ќе го напушти Ливерпул, веројатно непосредно пред затворањето на преодниот рок на 5 октомври. Швајцарецот не добива минутажа под водство на Клоп, а Германецот исто така тврди дека фудбалерот е концентриран на работи што се случуваат надвор од теренот, па затоа не е 100% посветен на фудбалот. „Не можам и не сакам да кажам ништо за тоа. Што можам да кажам? Тој не е повреден а да не игра. Ова е време од годината кога менаџерите добиваат некои информации, а потоа треба соодветно да реагираат”, рече Клоп, навестувајќи го заминувањето…

Read More
NBA

Само неколку дена откако се раздели со ЛА Клиперс, Док Риверс е именуван за нов тренер на Филаделфија. По осум години на кормилото на тимот од Калифорнија, Риверс ја презема Филаделфија каде што досегашниот тренер Браун беше отпуштен по поразот во првото коло од плеј – офот од Бостон со 4:0.

Read More

Раководството на ПСЖ тргнува по потписот на играчот за врска на Лион, Усем Ауар, тврди Л’Екип. Во моментов, клубовите наводно веќе преговараат. Претходно се дозна дека лондонски Арсенал и Јувентус се заинтересирани за играчот. Досега, токму Британците беа најактивни, но и покрај неколкуте понуди, од Лион се уште не дале зелено светло за трансферот. Претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола веќе објави дека клубот очекува да добие најмалку 40 милиони евра за Ауар, сума која Арсенал досега не ја понудил.

Read More

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси е против трансферот на Мемфис Депај во каталонскиот клуб, објавија извори блиски до клубот, Аргентинецот истакнал дека Усман Дембеле кого Барселона може да го продаде на Манчестер Јунајтед е подобро да остане во тимот, отколку на негово место да се носи Депај од Лион. Претходно беше објавено дека Депај е главната трансфер цел на новиот тренер на Барса, Роналд Куман. Условите за личниот договор на Депај беа договорени пред неколку недели, но Лион не успеа да ја договори трансфер сумата со Барселона.

Read More