Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани и официјално ќе биде дел од францускиот преставник во Лигата на шампионите, екипата на Рен. Во Италија утрово пишуваат дека тој наводно ги договорил условите со клубот.
Централниот бек се поврзуваше и со Њукасл Јунајтед, Вест Хем, Фулам, Севиља и Валенсија.
Сепак, „Скај Спорт Италија“ тврди дека Ругани склучил договор со Рен, каде ќе замине на позајмица на една сезона за 1,5 милиони евра. Французите исто така ќе ја исплатат целата негова плата за време на заемот, но се чини дека нема да добијат опција за откуп.

