Author: saso

Фудбалската асоцијација на Англија ја повика владата да им дозволи на навивачите да се вратат на стадионите во земјата. Администрацијата се надеваше дека ќе дозволи пополнување на околу 25 проценти од капацитетот на објектите во Англија од 1 октомври. Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека овие планови треба да се одложат поради ширењето на коронавирусот во Велика Британија. Сепак, првите луѓе на лигата најавија дека веќе работат заедно за навивачите да се вратат на стадионите. „Успешно тестираме некои настани. Докажавме дека можеме да одржуваме натпревари без да создадеме опасност. Наскоро можеме да се вратиме и да се обединиме со поддршка…

Read More

Каталонскиот весник „Спорт“ денеска објави дека Барселона постигнала договор со Лион за трансферот на Мемфис Депај во последниот ден од преодниот рок, но шпанската Ла Лига не дозволила истиот да се реализира. Причина е тоа што Барселона го надминала лимитот за плата договорен како мерка во борбата против финансиската криза предизвикана од пандемијата. 26-годишниот офанзивен играч требаше да пристигне на „Камп Ноу“ за плата од пет милиони евра, со исплата на бонуси од 10 милиони евра доколку се исполнети одредени услови.

Read More

Кошаркарките на Сиетл Сторм ја освоија титулата во ВНБА лигата по четвртипат во нивната историја откако во третиот натпревар од финалето го совладаа Лас Вегас со 92-59 и победија со 3:0 во финалната серија одиграна на комплексот на Академија ИМГ во Брадентон, Флорида. Бреана Стјуарт ги предводеше Сторм со 26 поени, додека кај поразените, најефикасна беше најдобрата играчка во регуларниот дел од сезоната, А’ја Вилсон, со 18 поени. Сиетл претходно ја освојуваше титулата во ВНБА лигата во 2004, 2010 и 2018 година.

Read More

Играчот за врска на Интер, Жоао Марио синоќа ги мина лекарските прегледи, а денеска ќе потпише договор со Спортинг Лисабон. Португалецот ќе игра на позајмица во Спортинг една година. Марио, кој минатата сезона играше како позајмен во Локомотив Москва, веќе е во својата татковина и е подготвен да го заврши трансферот во Спортинг. Португалскиот клуб ќе плати само околу третина од платата која Жоао Марио ја зема во Интер, додека остатокот ќе му го исплаќаат „нероаѕурите“.

Read More

Холандскиот судија Дани Макели од Холандија ќе биде главен судија на утрешниот дуел меѓу Македонија и Косово во полуфиналето на плеј-офот од Лига „Д“ во Лигата на нации. УЕФА ги потврди судиите за утрешниот дуел, а покрај Макели на центарот во Скопје ќе бидат и неговите асистенти, Марио Дикс и Хесел Сетестра. За првпат на дуелот во Скопје ќе биде инсталирана и ВАР технологија која ќе се применува во сличај на потреба.

Read More

Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос откако доцна синоќа го победи Италијанецот Јаник Синер со 3-0. Шпанецот го победи Италијанецот по два часа и 50 минути борба со 7:6 (4), 6:4, 6:1. Ова за Надал ќе биде 13. полуфинале на Ролан Гарос. Надал во полуфиналето ќе игра против Аргентинецот Диего Шварцман, кој синоќа го победи Доминик Тим од Австрија.

Read More

Англискиот второлигаш Нотингем Форест синоќа го назначи Крис Хатон за нов менаџер на тимот, откако претходно му врачи отказ на Сабри Ламуши. Форест ги загуби првите четири натпревари од новата сезона во Чемпионишип лигата, а саботниот пораз од 2:1 од Бристол Сити го стави тимот на 22-то место на табелата, што беше последен сигнал на управата да реагира. Хатон (61) доаѓа со свој прв ангажман откако го напушти Брајтон во 2019 година.

Read More
NBA

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го совладаа Мајами Хит со 102:96 во четвртиот натпревар од финалето на НБА и поведоа со 3:1. Во интересно финале, фановите на тв-екраните имаа можност да видот едно достојно финале со борбена кошарка од почеток до крај. Леброн Џејмс оствари дабл-дабл со 28 поени и 12 скока со 8 асистенции, а Дејвис имаше 22 поени, 9 скока и 4 асистенции. Кај Мајами, Батлер беше одличен со 22 поени, 10 скока и 9 асистенции, а Хиро имаше 21.

Read More

Украинскиот маратонец Сергеј Шевченко е победник на Скопскиот маратон 2020 откако ја помина патеката во време 2:22:49 часа, додека второто место ми припадна на македонскиот атлетичар Дарио Ивановски кој имаше задоцнување од речиси девет минути. Третото место го освои српскиот натпреварувач Кристијан Тошиќ кој патеката ја мина со време 2:39:37 часа. Кај дамите најдобра беше албанската атлетичарка Луиза Гега со време 2:35:34 часа, a второто место и припадна на нашата натпреварувачка Андријана Поп Арсова. Што се однесува до полумаратонската трка во женска и машка конкуренција победија Миљана Ристиќ со време 1:25:31 часа односно Атанас Анчевски со време 1:14.09 часа.

Read More

Австриски Салцбург е во „тимски карантин“ и им забрани на своите играчи да учествуваат на натпреварите во репрезентацијата во следните две недели откако тројца играчи беа позитивни на Ковид-19. Салцбург објави дека позитивните резултати се од првата рунда тестови спроведени по натпреварот против израелски Макаби Тел Авив во Лигата на шампионите во среда. Клубот не ги именуваше играчите кои беа ставени во карантин и рече дека сите се асимптоматски.

Read More