Кошаркарките на Сиетл Сторм ја освоија титулата во ВНБА лигата по четвртипат во нивната историја откако во третиот натпревар од финалето го совладаа Лас Вегас со 92-59 и победија со 3:0 во финалната серија одиграна на комплексот на Академија ИМГ во Брадентон, Флорида.
Бреана Стјуарт ги предводеше Сторм со 26 поени, додека кај поразените, најефикасна беше најдобрата играчка во регуларниот дел од сезоната, А’ја Вилсон, со 18 поени.
Сиетл претходно ја освојуваше титулата во ВНБА лигата во 2004, 2010 и 2018 година.

