Фудбалската асоцијација на Англија ја повика владата да им дозволи на навивачите да се вратат на стадионите во земјата. Администрацијата се надеваше дека ќе дозволи пополнување на околу 25 проценти од капацитетот на објектите во Англија од 1 октомври.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека овие планови треба да се одложат поради ширењето на коронавирусот во Велика Британија. Сепак, првите луѓе на лигата најавија дека веќе работат заедно за навивачите да се вратат на стадионите.
„Успешно тестираме некои настани. Докажавме дека можеме да одржуваме натпревари без да создадеме опасност. Наскоро можеме да се вратиме и да се обединиме со поддршка на локалните власти, поддржувајќи го регионалниот бизнис, националната економија, средства за живот и работата на луѓето”, се вели во општо писмо од различните фудбалски организации во земјата.

