Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната Арена во Скопје од 20:45 часот го прави првиот чекор до настап на завршницата на едно континентално натпреварување. „Црвено жолтите“ во полуфиналето од баражот на Лигата на Нации го пречекуваат составот на Косово. Македонскиот национален тим и без Елиф Елмас и поддршката од трибините, но со јасен оптимизам и желба за победа. Гостите дојода во Скопје со слични амбиции и најава дека се подготвени за една голема битка. Пред денешната историска средба селекторот Игор Ангеловски порача. „Ако во нешто сум сигурен тоа е дека утре фудбалерите ќе го дадат максимумот како никогаш досега во…
Author: saso
Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите поддржувачи и навивачки на македонската репрезентација дека од петок, 09.10.2020 до 23.10.2020 преку МК Тикетс, официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети за натпреварите на нашите национални тимови, ќе се врши враќање на паричните средства за билетите купени за откажаниот натпревар меѓу Македонија и Косово кој првично требаше да се одигра на 23. март 2020. Парите од купените билети ќе се враќаат на следниот начин: Документ за идентификација и оргиналниот веќе купен билет, на следните продажни места: Скопје: – Билетара на градскиот стадион во Скопје во период од 9.10. до 23.10. -…
Младата фудбалска репрезентација на Македонија, денеска од 13 часот по македонско време во Алмати и гостува на селекцијата на Казахстан во еден од мечевите кои одлучуваат за пласман на ЕП 2021. Селекторот Благоја Милевски, утрово во разговор за Спортскотото радио 90.3 фм ги сподели очекувањата од дуелот со Казахстанците. „Се работи за една сериозна селекција, составена од фудбалери кои играат стандардно. Како тим се многу цврсти, имаат одлична транзиција. Очекувам слична средба како онаа во Скопје, но ние не сме истите, поради проблемите со кои се соочивме. Двајца фудбалери поради Ковид-19 не се со нас овде, имаме уште две повреди,…
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар се повреди на тренингот на репрезентацијата на Бразил. Информациите велат дека Нејмар чувствувал болка во долниот дел на грбот за време на тренингот. Тој веднаш по прегледот почнал со физиотерапија. Во текот на денот, лекарите ќе ја следат состојбата на бразилскиот напаѓач и потоа ќе утврдат дали тој ќе може да ги одигра квалификациските натпревари за СП 2022 со репрезентациите на Боливија и Перу.
Лондонски Арсенал не ги вклучи Месут Озил и Сократис Папастатопулос во составот кој го пријави за натпреварите од Лигата на Европа за новата сезона. Во групната фаза на турнирот, Арсенал ќе игра против Рапид, Молде и Дандалк. Последен пат Озил беше на теренот на 7 март. Минатата сезона, 31-годишниот играч за врска учествуваше на 18 првенствени натпревари на кои постигна еден гол и даде две асистенции.
Дефанзивецот на Реал Мадрид и шпанската репрезентација Серхио Рамос влезе како замена на пријателскиот натпревар со Португалија синоќа и со самото тоа го урна рекордот на голманот Икер Касиљас по бројот на одиграни минути во националниот тим. Рамос стигна до 13.336 минути на теренот во дресот на „фуријата“. Покрај тоа, Рамос одигра и 173 натпревари за Шпанија, што е исто така рекорд за националниот тим.
Кристијано Роналдо и другите играчи на Јувентус би можеле да претрпат сериозни казни откако решија да им се приклучат на своите репрезентации за време на паузата во Серија А. Според мерките за контрола на коронавирусот во Италија, тоа не им е дозволено откако клубот регистрира два или повеќе случаи на инфекција со КОВИД-19. Португалската sвезда, како и Пауло Дибала, Хуан Куадрадо, Данило и Родриго Бетанкур, го напуштија хотелот пред да ги добијат резултатите од редовните тестови во текот на неделата. Локалните здравствени власти најавија дека ќе обрнат внимание на она што се случило и можно е сите да бидат казнети…
Дуелот со Косово е меч на кој не може да си неподготвен. Вака селекторот Игор Ангеловски одговори на првото новинарско прашање, дали Македонија е подготвена за утрешниот предизвик во Лигата на Нации. “Може ли да се биде неподготвен за овој меч. Сигурен сум дека од нашите репрезентативци на овој меч ќе го видете најндоброто од нив. Овој натпревар Македонија го чека цели 30 години. Условите се невообичаени, но ние ќе се прилагодиме како целиот свет. Ќе одиграме максимално и во овие услови. Кажав дека мора да останеме ладни. Меч како и секој друг. Истиот пристап како и за сите така…
Македонската фудбалска репрезентација полна со оптимизам го пречекува утрешниот дуел со Косово во полуфиналето од плеј-офот во Лигата на Нации. Капитенот на нашиот национален тим, Горан Пандев, на последниот прес пред мечот вели: „Благодарност до сите кои придонесоа да дојдам и да го одиграм овој натпревар. Знаеме што носи овој натпревар. Имаме доста искуство, жално е што нема да има публика. Моја желба беше токму овој меч да го одигран пред публика, но што е тука е. Одиме на победа. Секако дека сум емотивен за овој момент, за овој меч. На овој народ му требааат вакви моменти и едно можам…
Македонија со двајца боксери ќе настапи на сениорскиот турнир во Хрватска „Загреб Гранд При“ кој започнува од утре и ќе трае до сабота кога од 19 часот се предвидени финалните борби. Арсим Етеми (категорија 81 кг) и Лео Јовановски (категорија 75 кг) се претставниците на Македонија кои ќе се појават на рингот во Загреб. Во нашата делегација на овој силен боксерски турнир ќе ја сочинат и тренерот Димитар Ташков и АИБА судијата Петре Неделковски. Според најавата на организаторот, на турнирот ќе настапат боксери од најмалку 10 земји, покрај домаќинот Хрватска, свои претставници ќе имаат и Македониија, Русија, Украина, Франција, Италија,…
