Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар се повреди на тренингот на репрезентацијата на Бразил. Информациите велат дека Нејмар чувствувал болка во долниот дел на грбот за време на тренингот. Тој веднаш по прегледот почнал со физиотерапија.
Во текот на денот, лекарите ќе ја следат состојбата на бразилскиот напаѓач и потоа ќе утврдат дали тој ќе може да ги одигра квалификациските натпревари за СП 2022 со репрезентациите на Боливија и Перу.
