Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт истакна дека Хари Мекгваер има поддршка од сите во националниот тим. Капитенот на Манчестер Јунајтед го заврши натпреварот против Данска по само 31 минута, откако го доби вториот жолт картон. Тоа беше уште една во низата лоши игри на најскапиот дефанзивец во светот, кој беше под критики од почетокот на клупската сезона. „Тој се соочува со секакви критики од луѓе кои мислат дека знаат подобро. Според мене, тој е врвен играч и тој е важен дел од тимот. Сега тие фрлаат дрва и камења кон него. Сепак, тој е доволно голем да…
Author: saso
Голманот на шпанскиот шампион, Реал Мадрид, Тибо Куртоа, нема повредиа и тренира заедно со остатокот од тимот, објавија шпанските медиуми. Куртоа го напушти таборот на белгиската репрезентација во четвртокот поради сомневања за повреда. Се покажа дека болките биле привремени и Куртоа не треба да има проблем да игра против Кадиз во сабота. Тренерот на тимот Зинедин Зидан ќе се консултира со лекарите и ќе одлучи дали да се потпре на својот прв голман, кој е во одлична форма.
28-годишниот офанзивен играч за врска на данската репрезентација Кристијан Ериксен по големата победа над Англија синоќа на Вембли изјави дека чувството по победата е навистина посебно. „Ова е посебно чувство. Прво да се одиграат 100 натпревари за Данска, како и да се победи Англија на Вембли. Пред натпреварот, знаев дека не сме победиле кај нив 37 години. Значи, да се застане тука како победник е посебно чувство“, изјавил фудбалерот на Интер.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, по мечот со Грузија синоќа, го истакна карактерот на оваа репрезентацијата како пресуден фактор за ремито синоќа. „Овој меч покажа дека Македонија никогаш не се предава, и со играч помалку се вративме, и по којзнае кој пат покажавме карактер. Едно големо браво за сите кои се дел од репрезентацијата. Не е лесно да се играат три меча по ред. Со аналгетици, со повреди, со лекарски интервенции. Ние нашето го направивме, сега следува оној главен меч против Грузија, а потоа ќе му ја мислиме за Лигата на Нации“, рече Ангеловски.
Денеска на пладне во просториите на Спортското радио 90.3 фм, во присуство на комисијата за натпреварувцање на Турнирот во мал фудбал на медиумите, според поставените протоколи за заштита, беа извлечени двојките за годинешното издание на популарната манифестација. Турнирот ќе се одржи на отворено в недела на 18 октомври, а во елиминациските дуели ќе се сретнат: Канал 5 – Канал 77 МРТВ – Сител МТВ 2 – Алсат М ТВ 24 – Спортско радио 90.3 Турнирот ќе се одигра комплетно по системот на елиминации. Точните термини и протоколи за организирањето на натпреварите ќе бидат објавени во наредните денови, а секоја од…
Ракометарите на Вардар по подолга пауза и два одложени меча, утре им се враќаат на европските предизвици. Во Скопје гостува германски Флензбург во нов меч од Лигата на шампионите. Тренерот на „црвено-црните“, Стефче Алушовски, пред мечот вели: „Месец дена немаме одиграно меч и секако Фленсбург е во предност на овој натпревар, бидејќи е во натпреварувачки ритам. Ние месец дена само тренираме, одигравме два пријателски натпревари, но она што очекувам е машка борбена игра од нашата страна, добро ги анализиравме, не сме без шанси, без разлика што го победија ПСЖ на гостински терен и не знаат за пораз до сега. Играме…
Проблемите за селекторот на Грузија, Владимир Вајс, пред мечот со Македонија вечерва се продлабочија по синоќешниот тренинг во Скопје. Како што објавија грузиските медиуми, Вајс вечерва нема да смета ниту на Торнике Окриашвили, 28-годишниот играл за врска на кипарски Анортозис. Тоа значи дека по Чакветадзе, Хочолава, Кашија, Какабадзе, Абурјанија и Канкава, тимот на Вајс останува и без седми репрезентативец. Окриашвили има мала повреда и нема да може да се појави вечерва.
Одбојкарската федерација на Македонија вчера одржа седница на Собранието во Скопје, на којашто главни точки беа финансискиот извештај за 2019-та, како и новиот Статут на ОФМ. Во присуство на голем дел од клубовите, отсуствуваа само Наковски волеј и Дибра волеј, највисокото тело на Федерацијата со огромно мнозинство го изгласа финансискиот извештај за минатата година (два гласа против и еден воздржан), а откако дискутираше за предложениот Статут, го усвои највиоскиот правен акт со забелешка дека се уште е отворена опцијата да се менуваат одредени одредби во насока на функционалност во работата. „Задоволен сум што клубовите активно учествуваа во работата на денешната…
Македонскиот репрезентативец од екипата на Спортинг, Стефан Ристовски одбил да се пресели во Динамо Москва. Како што потврдија утрово руските медиуми, клубовите се договориле за договор за закуп, но 28-годишниот играч сака да ја продолжи кариерата во друг клуб. Спортинг бараше целосен трансфер, но Динамо (М) прифатил едногодишен закуп со можна опција за откуп на договорот на Ристовски следното лето за 3 милиони евра. Поради неподготвеноста на Ристовски да замине во Москва, преговорите сега се прекинати.
Фудбалската репрезентацијата на Македонија денеска од 20.45 часот против Грузија на Националната арена во Скопје ќе го игра натпреварот од четвртото коло во Лигата на нации против селекцијата на Грузија. Нашите најдобри фудбалери влегуваат во костец со главниот кандидат за првото метсо во групата, против кого во првиот меч во Тбилиси одигравме нерешено – 1:1. Вечерашниот меч ќе биде и еден вид генерална проба пред финалето од Лигата на нации кои овие две селекции ќе го оидграат во ноември во Тбилиси. Селекторот Игор Ангеловски за вечерашниот меч не може да смета на повредените Аријан Адеми, Стефан Спировски и Егзон Бејтулаи,…
