За в недела во 17 часот, во соседна Србија е закажано големото дерби меѓу лутите градски ривали, Партизан и Ц. Звезда. Станува збор за 163-тото „вечно“ дерби за кое во јавноста се појави информација дека може да се одложи. Денеска со свој став излезе и Здружението на клубовите од Суперлигата и Првата лига на Србија, во кој се вели дека до вчера до нив такво барање не е дојдено. „Немаше разговор за тоа. Постапката е јасна, доколку дојде такво барање, тоа прво ќе го разгледа од медицинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија. Црвена звезда има големо искуство со тестирање…
Author: saso
Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски имаше брилијантна вечер на голот на Порто во мечот од Лигата на шампионите против ПИК Сегед. нашиот репрезентативец успеа да одбрани 15 удари од вкупно 32 упатени кон него на синоќешниот меч, што несомнено го стави на позицијата – Играч на мечот според ЕХФ. For his great performance in the #ehfcl #motw, not to mention the save everyone is talking about, the Player of the Match presented by @iqoniq is none other than Mitrevski 🔥 pic.twitter.com/qZUnLMxRgQ — EHF Champions League (@ehfcl) October 15, 2020 Низ Европа се уште се зборува за неговата чудесна одбрана на некогашниот…
Играчот за врска на екипата на Челзи, Виктор Мозес, и официјално беше преставен како нов фудбалер на Спартак (М). Тој за навивачите на рускиот великан изјави дека му е големо задоволство што дојде во таборот на Спартак. „За мене е огромно задоволство да бидам играч на Спартак , еден од најголемите клубови во Европа. Едвај чекам да започнам да работам со моите нови соиграчи. Сезоната треба да биде интересна. Само напред, Спартак!“, порачал Мозес. Претходно, московскиот клуб потврди дека играчот ќе игра за Спартак на позајмица, со опција за откуп.
Поранешниот селектор на Бразил, Луис Фелипе Сколари, и официјално е нов тренер на еден од бразилските фудбалски великани, Крузеиро. Тој синоќа потпиша договор со клубот до 2022 година. 71-годишниот Сколари во својата тренерска кариера беше тренер на Крузеиро, а за последен пат беше на чело на Палмеирас. На национално ниво, Сколари ја водеше и репрезентацијата на Португалија. Крузеиро моментално е во бразилската Серија Б, а по 15 кола го зазема незавидното претпоследно место на табелата со само 12 бода.
Македонскиот и европскиот ракометен шампион Вардар, вчера ја оствари првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите. Во Скопје повторно падна германски Флензбург. По мечот, тренерот а „црвено-црните“, Стевче Алушовски вака го прокоментира мечот. „Ова е една голема победа која ќе би даде потик да бидеме вистински понатаму. Честитки за карактерот на овие момци, иако не игравме мечеви, сепак добро го анализиравме противникот. Пред нас е нов натпревар, немаме многу време за славење, мора да се подготивме за Порто. Ова се два големи бода кои ќе ни го отворат патот“, рече Алушовски.
По едномесечна принудна пауза ракометарите на Вардар денес на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ од 20.45 часот против германски Флензбург ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите. Вардар во досегашниот дел од сезоната одигра само еден меч на гости во Белорусија, на кој Мешков Брест обезбеди победа. За разлика од нашиот првак, Германците имаа три средби и исто толку победи во групата, па практично непоразени дојдоа во Скопје. Вардар против Флензбург досега има одиграно четири натпревари во ЛШ, и сите беа од четвртфиналната фаза. Традицијата е на страната на црвено-црните кои доживеа само еден пораз во меѓусебните пресметки.
Францускиот фудбалер Матео Гендузи е заразен со коронавирус, потврди германскиот бундеслигаш, Херта. „Матео доби позитивен резултат на тестовите за коронавирус по враќањето од репрезентативната пауза. Тој не чувствува никакви симптоми, но следните 10 дена ќе ги помине во самоизолација “, се вели во соопштението на берлинскиот тим. Се додава дека 21-годишникот не бил во контакт со ниту еден играч на Херта или член на стручниот штаб.
Фудбалското првенство на Аргентина ќе продолжи на 30 октомври по пауза од седум месеци предизвикана од пандемијата која го зафати светот, објави претседателот на Аргентинскиот фудбалски сојуз (АФА). “Фудбалот се врати! Ние мора да ги почитуваме здравствените стандарди и сега имаме можност повторно да уживаме во фудбалот”, вели Клаудио Тапија. Тој додаде дека првенството во Примера дивизион започнува на 30 октомври, а втората лига започнува една недела подоцна на 7 ноември. Почетокот на шампионатите ќе биде без присуство на гледачи.
Проблемите со коронавирусот во македонскиот ракомет никако да завршат. Иако сезоната е во мирување и требаше да продолжи следната седмица, очигледно не чека ново одложување. Вториот тим на Еурофарм Пелистер утрово објави дека во своите редови има два случаи на позитивни ракометари. Како што информираат од клубот се работи за двајца ракометари, додека останатите членови на тимот веднаш се тестирани и во текот на денешниот ден ги очекуваат нивните резултати.
Главното тело на Евролигата и Еврокупот одлучи да направи модификација во членот 6 од Дисциплинскиот правилник, и наместо мерката „службен резултат“ да се воведе нова – да се пронајде термин за одигрување на одложените натпревари, или пак сите тие натпревари да се водат како суспендирани. Исто така, шестте мечеви кои се веќе откажани, нема да бидат регистрирани со резултат 20:0 и ќе бидат префрлени во некој друг термин за одигрување. Одлуката доаѓа по притисокот од јавноста поради регистрирањето со службен резултат на двата неодиграни меча на Зенит, а истото го очекуваше и тимот на Асвел.
