Играчот за врска на екипата на Челзи, Виктор Мозес, и официјално беше преставен како нов фудбалер на Спартак (М). Тој за навивачите на рускиот великан изјави дека му е големо задоволство што дојде во таборот на Спартак.
„За мене е огромно задоволство да бидам играч на Спартак , еден од најголемите клубови во Европа. Едвај чекам да започнам да работам со моите нови соиграчи. Сезоната треба да биде интересна. Само напред, Спартак!“, порачал Мозес.
Претходно, московскиот клуб потврди дека играчот ќе игра за Спартак на позајмица, со опција за откуп.