Author: saso

Ракометарите на Металург со пораз се враќаат од гостувањето во Тулуз во рамките на првиот натпревар во Европската лига на ЕХФ. Стратегот Зоран Кастратовиќ на прес-конференцијата по средбата вели дека ако се суди според дел од играта, тимот од Автокоманда имаше што да покаже на оваа средба. „Му честитам на противникот за победата. Ние дојдовме по добар резултат, знаевме дека ќе бидат без плејмејкерот од Холандија. Но, не успаевме во тоа поради лошото ниво на концентрација. Имавме проблеми во одбраната, загубивме многу топки, не ја сопремвме нивната транзиција. Нашата одбрана 6-0 не беше добра денес како на претходните натпревари. Би…

Read More

Премиерниот меч на нашиот преставник Металург во Лигата на Европа на ЕФХ ќе почне два часа порано од планираното. „Металурзите“ утре ќе му гостуваат на француски Тулуз кој мораше да најде нов термин за одигрување на натпреварот, откако француската влада донесе одлука за воведување полициски час во земјата, поради се поголемиот број на заразени со Ковид-19. Според тоа, утре дуелот во Тулуз место во 20.45 часот ќе стартува два часа порано, односно во 18.45 часот.

Read More

Аргентинскиот фудбалски гигант, Бока јуниорс, објави дека ја тужи Барселона за трансферот на 18-годишниот уругвајски дефанзивец Сантијаго Рамос Минго. Веста ја потврди лично претседателот на клубот, Хорхе Амор Амеал. „Ќе ја дадеме Барселона на суд за случајот Рамос Минго. Она што се случи беше варварско и остави многу лош впечаток. Мора да одиме на суд затоа што веруваме дека имаме право. Овој играч имаше потенцијал, а ние како да не се прашуваме за ништо“, вели Амеала. Минго се пресели во Барселона во февруари оваа година.

Read More

Арон Ремзи се врати на тренинзите на Јувентус пред натпреварот од Лигата на шампионите против Динамо Киев, но Алекс Сандро сè уште го нема. „Бјанконерите“ денеска се подготват за натпреварот против Украинците кој е закажан за утре од 18.55 во Киев, каде се очекува и присуство на околу 20.000 навивачи на трибините на Олимпискиот стадион. Велшкиот играч за врска се врати во групата на Андреа Пирло, откако ги помина последните детални прегледи.

Read More

Вирџил ван Дајк се огласи на социјалните мрежи по повредата на коленото која ќе го оддалечи од терените долг период. Со отворено писмо на својот профил на Твитер тој им се заблагодари за поддршката по тешката повреда на навивачите и сите кои се со него овие денови. „Се сретнав со специјалистите попладнево за да го започнам процесот на планирање за најмалите детали за мојата рехабилитација по вчерашниот дуел. Сега сум целосно фокусиран на опоравувањето и тоа да го сторам што е можно побрзо. И покрај големото разочарување, јас сум цврсто убеден дека тешкотиите отвораат нови можности. Со Божја помош, ќе…

Read More

Ѕвездата на Вулверхемптон, Раул Хименез е предмет на интерес од голем број европски гиганти, но според шпанскс „Марка“ сериозен интересен за него во моментов има од шпанскиот гигант, Реал (М). Реал има голема конкуренција за неговиот потпис во Јувентус кој исто така преку свои преставници продолжува да ја следи ситуацијата околу играчот и се надеваат дека ќе ги обезбедат неговите услуги во јануари. И самиот Хименез потврди дека со постојаните шпекулации за негов трансфер во врвен клуб, како да му се отвора врата за заминување. „Секој ден пишува дека заминувам. Така беше додека бев на одмор. Но, како што можете…

Read More

Напаѓачот на Вулверхемптон, Адама Траоре, е близу до потпишување нов договор со неговиот сегашен клуб, пренесува весникот „Сан“. Според информациите, „волците“ му понудиле на шпанскиот напаѓач да потпише нов 4-годишен договор, зголемувајќи ја неговата плата скоро двапати на 110.000 евра неделно. За Траоре сериозно беа заинтересирани Ливерпул и Барселона, но информациите говорат дека тој најверојатно уште долго ќе остане во својот сегашен клуб. Траоре му се приклучи на Вулверхемптон во 2018 година од Мидлсброу за 20 милиони евра. Оттогаш има одиграно 95 натпревари за „волците“ со 7 гола и 15 асистенции.

Read More

Од вчера и официјално, Манчестер Ј. има нов член на редовните тренинг сесии. Новото засилување во нападот, Едисон Кавани, откако го помина заолжителниот карантин по пристигнувањето во Британија, почна со тренинзи во новиот клуб. Тој веќе деновиве би можел да биде вклучен во првиот состав на тимот. Look out for a few fresh faces as we turned our attentions to the #UCL, during Sunday’s session #MUFC — Manchester United (@ManUtd) October 18, 2020

Read More

По одигрувањето на последниот турнир од есенскиот дел на првенството во пинг понг во најсилната лига екипата на Младост 96 од Прилеп со максимален учинок, девет победи од девет одиграни натпревари неприкосновено го освои првото место. На второто место се наоѓа уште една прилепска екипа, Младост кои единствениот пораз во есенската полусезона го забележаа против градскиот ривал Младост 96. Во последните две кола Младост забележа минимални победи од 4:3, против директниот конкурент за второто место, штипските Шампион ФА и екипата на НЕЦ 2. Од четвртото до седмото место потполно изедначени според бодовната состојба се наоѓаат четири екипи, новиот супер лигаш…

Read More
NBA

Тајрон Лу наскоро ќе биде промовиран во нов стратег на ЛА Клиперс. Човекот кој претходно како играч двапати дојде до шампионскиот прстен со ЛА Лејкерс, во 2000 и 2001 година, а има играно уште и за Вашингтон, заедно со Мајкл Џордан, Орландо, Хјустон, Атланта, Далас и Милвоки, сега ќе се обиде со Клипрес да ги постигне истите успеси. Лу треба да потпише петгодишен договор со Клиперси, а ќе дојде на местото на претходно отпуштениот Док Риверс.

Read More