Вирџил ван Дајк се огласи на социјалните мрежи по повредата на коленото која ќе го оддалечи од терените долг период. Со отворено писмо на својот профил на Твитер тој им се заблагодари за поддршката по тешката повреда на навивачите и сите кои се со него овие денови.
„Се сретнав со специјалистите попладнево за да го започнам процесот на планирање за најмалите детали за мојата рехабилитација по вчерашниот дуел. Сега сум целосно фокусиран на опоравувањето и тоа да го сторам што е можно побрзо. И покрај големото разочарување, јас сум цврсто убеден дека тешкотиите отвораат нови можности. Со Божја помош, ќе дадам се од себе да ве убедам дека ќе се вратам поздрав и посилен. Мислам дека и во фудбалот, како и во животот постои причина за сè. Важно е да се обидеме да одржуваме рамнотежа. Со поддршка на мојата сопруга, децата, семејството и сите во Ливерпул, подготвен сум да го прифатам предизвикот. Сакам да им се заблагодарам на сите за охрабрувачките зборови. Тоа ми значи многу. Ќе дадам се од себе за да ги поддржам моите соиграчи. Пред нас се неколку важни недели, по што моето закрепнување ќе продолжи од ден на ден. Ќе се вратам”, вети холандскиот репрезентативец.

