Author: saso

Диего Марадона е во приватна здравствена клиника во стабилна состојба и се опоравува од операцијата, изјави неговиот физиотерапевт Диего Дијаз. Неврологот Леополдо Луке додаде дека проблемот на поранешниот фудбалер најверојатно е предизвикан од несреќа за која 60-годишниот Марадона не се сеќава. Физиотерапевтот на Марадона објасни дека на легендата и требаат лекари, терапија и семејна поддршка. “Диего Марадона има лични проблеми, како и секоја друга личност. Важно е дека тој е во стабилна состојба и сега има потреба од храна, одмор и медицинска и семејна поддршка”, рече Дијаз.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација неочекувано се најде во нови проблеми пред денешното патување за Тбилиси. Пре утрешниот најважен натпревар во Лигата на нациите против домашната селекција на Грузија, селекторот Ангеловски остана и без услугите на Крсте Велкоски и Кире Ристески. И двајцата се позитивни на Ковид-19 на вторите тестирања и тие не патуваат со тимот. Со репрезентацијата не патува и Енис Барди кој е повреден.

Read More

Во пресрет на натпреварот против Грузија за пласман на Европското првенство, македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас вели дека сме подготвени да го оствариме најдобриот резултат во историјата на нашиот фудбал. „Не очекува финале, еден натпревар и многу борба. Ќе биде тежок натпревар, влогот е голем, но за ова се подготвувавме и сите заедно ќе се обидеме да го дадеме својот максимум за да успееме. Ни треба концентрација и енергија во текот на сите 90. минути. Грузија исто така, има за цел да биде на Европското првенство, но треба да направиме работите на теренот да зависат од нас. Оптимист сум, ова е…

Read More

Англискиот фудбалски судија Ентони Тејлор ќе биде на центарот на историскиот меч за Македонија в четврток во Тбилиси против селекцијата на Грузија во финалето на плеј-офот од Лигата на Нации. Нему ќе му помагаат Гери Бесвик, Адам Нун и Крег Поусон. Тејлор важи за еден од најдобрите англиски судии во овој момент, а за дуелот во Тбилиси е подготвен и ВАР систем кој беше инсталиран и на полуфиналните дуели.

Read More

Советот на ИХФ го номинираше Чиле за претставник на ракометната конфедерација на Јужна и Централна Америка (СЦАХЦ) на Светското првенство во машка конкуренција кое на стартот на следната година ќе се одржи во Египет (13 до 31 јануари). Со номинацијата на Чиле, Македонија и официјално ја загуби и последната шанса со вајлд-карта да дојде до настап на светскиот собир. Чилеанците го пополнија последното 32. Место за Мундијалот во Египет и ќе играат во група со Египет, Шведска и Чешка на СП во Египет 2021 година. Чиле ќе ја има и честа да го отвори првенството, против домаќинот во Каиро на…

Read More

Полека, но сигурно, нашиот женски сениорски национален тим го помина оној прв дел од подготовките во Охрид. Како што вели селекторот Владимир Ѓоровиќ, и најтешкиот, ако се земе предвид дека зад неговите избранички е еден голем период без вистински активности. „Одработивме шест тренинзи во Охрид, можам да кажам, во одлични услови кои ги имаме во салата ‘Билјанини извори’, како и во хотелот ‘Тино’ во Охрид. Сакам да напоменам дека овој прв дел е малку потежок за кошаркарките каде обрнавме внимание и на нивната физичка подготвеност и пробавме да ја донесеме на истото ниво пред оваа голема пауза која е евидентирана кај…

Read More

Раководството на Формула 1 потврди дека трката за Големата награда на Саудиска Арабија ќе влезе во шампионатот од следната сезона. Како што е наведено, таа ќе биде ноќна, улична трка во Џеда, во ноември. Тоа ќе биде прва трка на Формула 1 во Саудиска Арабија. „Возбудени сме што ја пречекуваме Саудиска Арабија во Формула 1 за сезоната 2021 и го поздравуваме нивното соопштение по шпекулациите во претходните денови. Саудиска Арабија е земја која забрзано станува центар на спортот и забавата, по бројните големи спортски настани таму во претходните години, и ние сме среќни што трката во Формула 1 ќе се…

Read More

Македонската ракометна репрезентација денеска заминува за Швајцарија каде утре ќе ги продолжи настапите во квалификациите за ЕП. Со чартер лет од Скопје, Брестовац на пат понесе 17 ракометари чии тестови и на последното тестирање беа комплетно негативни. Македонија во Шафхаузен ќе биде посилна за Кукулоски кој заедно со оние 16 со кои Брестовац настапи против Финска во Скопје патува за Швајцарија. Дуелот со Швајцарците го играме в сабота од 18.30 часот.

Read More

23-годишниот турски репрезентативец од екипата на француски Лил, Јусуф Јазичи, кој постигна хет-трик на гостински терен против Милан во 3. коло од групната фаза во Лигата на Европа, го запиша своето име во историјата на европските натпреварувања. Јазичи стана првиот играч во историјата на големите европски турнири под капата на УЕФА, кој успеа да постигне два хет-трика на гостински терен во една сезона. Да потсетиме, во 1. коло од групната фаза во Лига Европа, тој постигна три гола на гостувањето кај Спарта Прага (4:1). Вкупно, 23-годишниот играч оваа сезона одигра 11 натпревари за Лил на сите турнири, постигнувајќи 7 голови.

Read More

Холандската фудбалска легенда Робин Ван Перси, инаку поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед, им се придружи на Пол Сколс и другите легенди на клубот кои го критикуваа тимот по поразот од Истанбул Башакшехир (1:2) во Лигата на шампионите и трагикомичниот гол што Јунајтед го прими во првото полувреме. Ван Перси рече дека ваков натпревар никогаш немаше да се случи доколку тренерот на тимот беше Сер Алекс Фергусон. „Тие не се обидоа доволно, требаше да бидат побрзи во дуелите и да дадат се од себе“, рече тој во интервју за БТ Спорт. „Во мое време, Ферги имаше златно правило. Не е проблем…

Read More