23-годишниот турски репрезентативец од екипата на француски Лил, Јусуф Јазичи, кој постигна хет-трик на гостински терен против Милан во 3. коло од групната фаза во Лигата на Европа, го запиша своето име во историјата на европските натпреварувања.
Јазичи стана првиот играч во историјата на големите европски турнири под капата на УЕФА, кој успеа да постигне два хет-трика на гостински терен во една сезона. Да потсетиме, во 1. коло од групната фаза во Лига Европа, тој постигна три гола на гостувањето кај Спарта Прага (4:1).
Вкупно, 23-годишниот играч оваа сезона одигра 11 натпревари за Лил на сите турнири, постигнувајќи 7 голови.

