Author: saso

Бразил победи со 2:0 на гостувањето кај Уругвај во јужноамериканските квалификации за СП 2022. Со тоа „кариоките“ продолжија со победничката низа на врвот на табелата во зоната КОНМЕБОЛ со вкупно 12 бода. Головите за гостите ги постигнаа Артур и Ришарлисон уште во првото полувреме, а во второто Едисон Кавани доби директен црвен картон. Добар перформанс имаше и Аргентина која се врати со победа од Перу. „Гаучосите“ со головите на Гонзалез и Мартинез исто така во првото полувреме го решија прашањето околи победникот.

Read More

Германија синоќа претрпе еден од најсрамните порази во својата историја. Синоќа тимот на Јоаким Лев претрпе вистински крах против Шпанија и загуби со неверојатни 6:0. Со овој катастрофален настап, Германија го „израмни“ антирекордот од 1931 година, кога загуби со истиот резултат од Австрија. Кошмарниот пораз синоќа доведе до сериозни повици за оставка на германскиот селектор само неколку месеци пред ЕУРО 2020. Договорот на Лев со Германија е до крајот на Светското првенство во 2022 година, но може да не биде прекинат, пишуваат во Германија. Интересно е што по мечот, иако загубија со 6:0, селекторот на Германија Лев смета дека репрезентацијата…

Read More

Младата фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, денеска од 13.30 часот на терените на ФФМ го игра последниот меч од циклусот квалификации за ЕП 2021. И покрај сите проблеми со играчкиот кадар, селекторот Благоја Милевски има само една цел, а таа е победа над Црна Гора и потврда на второто место во групата, веднаш зад големиот фаворит Шпанија. Во пресрет на овој меч во нашиот национален тим имаше проблеми со Ковид-19, но се надеваме дека тоа нема да влијае на добрата атмосфера која владее во селекцијата. Во останатите два меча од нашата група од ова последно коло, се среќаваат…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, попланево од 18.45 часот на домашен терен го пречекуваат тимот на Шафхаузен во рамките на 3. Коло од ЕХФ Европската лига. Во пресрет на мечот, ракометарот на битолскиот тим, Мартин Велковски имаше свој коментар за очекувањата од средбата. „Шафхаузен е квалитетна екипа, подолго време играше во Лигата на шампионите, имаат доста репрезентативци на Швајцарија. Сепак, мислам дека ние сме поквалитетна екипа и ќе победиме. Се знае каква атмосфера се прави кога има навивачи во Битола. Тоа ни беше голема помош минатата сезона и многу ќе ни недостигаат нашите фановите. Но, така е за сите екипи, па…

Read More

Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија. „Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија. Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и…

Read More

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е активно вклучен во преговорите за обновување на договорот со дефанзивецот Серхио Рамос, но не инсистира по секоја цена капитенот да остане на „Бернабеу“. Перез останува на ставот за само едногодишен договор за Рамос, што е во согласност со принципите на клубот во изминатите три децении. Во интервју за телевизијата „Ел Чирингитуо“, претседателот на мадридскиот клуб изјавил дека нема да го блокира евентуалниот трансфер на Серхио Рамос во друг клуб, доколку играчот добие понуда што го задоволува „кралскиот клуб“.

Read More

Ракометарите на Еурофарм пелистер и Металург вечерва ги продолжуваат настапите во ЕХФ Европската лига. Битолчани во својата сала ќе го пречекаат швајцарски Кадетен Шафхаузен во меч од 3. коло, иако и за двата тима ова е само втор меч во групата. Швајцарците имаа победа на стартот, битолчани почнаа со пораз. Дуелот во салата „Боро Чурлевски“ стартува од 18.45 часот. Металург синоќа пристигна во Леон по 43 часа и поминати 3.000 километри со автобус. Тимот од Автокоманда вечерва е гостин на Адемар Леон во меч од новото коло, откако и двата тима досега имаат само по еден меч во групата. Натпреварот…

Read More

Натпреварот од Лигата на нации меѓу Швајцарија и Украина е под знак прашалник поради големиот број играчи кај гостите се заразени со коронавирус. Тренерот Андриј Шевченко призна дека се чекаат резултатите од повторените тестови, по што ќе стане јасно дали ќе има натпревар утревечер во Луцерн. „Ја разбирам ситуацијата во која се наоѓаме. Повикавме три нови момчиња во националниот тим. Со сигурност знаеме дека се здрави, затоа што ги поминаа тестовите наутро. Екипата се подготвува за натпреварот. Очекуваме повторно тестирање. Ако имаме доволно играчи да го одиграме натпреварот, ќе излеземе и ќе играме. Ќе ги добиеме резултатите од тестот и…

Read More

Селекцијата на Јужна Кореја потврди дека ќе го одигра планираниот пријатески меч со Катар во Австрија и покрај новите случаи на коронавирус во составот, со што бројот достигна осум. Напаѓачот на Тотенхем, Сон и остатокот од тимот се изолирани во хотелските соби во Виена кога не тренираат, откако шест играчи и еден член на персоналот имаа позитивни тестови. Новата рунда тестирања објавени вчера не утврдија дополнителна зараза кај играчите и само еден член од персоналот бил позитивен, што значи дека Корејците имаат повеќе од 13 играчи за да го одиграат натпреварот.

Read More

Напаѓачот на Атлетико, Луис Суарез е позитивен на коронавирусот, соопшти прес-службата на Уругвајската фудбалска федерација. Тоа значи дека тој најверојатно ќе ги пропушти неколкуте следни натпревари. Првиот во низата е дуелот со Бразил во квалификациите за СП 2022, а потоа и дуелот со Барселона во рамките на 10. коло на Ла Лига.

Read More