Селекцијата на Јужна Кореја потврди дека ќе го одигра планираниот пријатески меч со Катар во Австрија и покрај новите случаи на коронавирус во составот, со што бројот достигна осум.
Напаѓачот на Тотенхем, Сон и остатокот од тимот се изолирани во хотелските соби во Виена кога не тренираат, откако шест играчи и еден член на персоналот имаа позитивни тестови.
Новата рунда тестирања објавени вчера не утврдија дополнителна зараза кај играчите и само еден член од персоналот бил позитивен, што значи дека Корејците имаат повеќе од 13 играчи за да го одиграат натпреварот.

